Кој маж со самопочитување копнее по пластична, филтрирана Инстаграм кукла?

Кога бевме во средно, во нашето друштво имаше другар кој постојано сакаше да се истакнува повеќе од другите. Во една пригода тој кажа дека сака да ја има најјаката и најубавата девојка, па кога ќе помине со неа покрај другите машки, сите да му завидуваат.

Koj-zdravorazumen-maz-kopnee-po-plasticna-Insta-kukla-01.png

Ова секако е многу просто и плиткоумно размислување. Сосема соодветно за некој 16-годишен.

Но, погодете што? Некои мажи со паметот застанале таму. 20 години подоцна, тие сонуваат за девојка во која сите ќе зјапаат и ќе му завидуваат на некаква си силиконска, вештачка кукла.

Кој здраворазумен маж со доволно самодоверба и самопочитување е во потрага по пластична кукла со обработени, филтрирани фотки на Инстаграм? Кој поточно копнее по такви лажни фантазии чии слики воопшто не соодветствуваат со реалноста?

Душебрижните ќе кажат – секој има право да изгледа онака како што сака. Точно.

Ние пак имаме право да кажеме дека ваквите жени опседнати со огромни усни, напумпани образи, истегнати очни капаци, огромни силиконски гради, фотошопирано издолжени нозе, вештачки коси, неприродно заслепувачки бели заби и темен тен, и што уште не, не му прават никаква услуга на целиот женски род.

Напротив, го понижуваат, го поразуваат. Со секоја нова наредна корекција како да сакаат да кажат – не сум и генерално не сме доволни добри, па постојано треба да се подобруваме и надградуваме.

Единственото надградување треба да ни е во умот, во духот, во карактерот, во мудроста. Не само во усните, градите или задникот.

Кој поточна го започна трендот, а која армија на жени слепо продолжи да го следи? И зошто? Ќе треба со светилка како Диоген да ја бараме последната природна, нефотошопирана девојка во државава, затоа што станаа вистинска реткост.

Речиси секој маж што го сретнувам кажува дека практично му се гади од сите тие пластични кукли. И дека „тоа не е тоа“ што го сакаат мажите.

Сепак, ретко која од овие девојки е сингл, без партнер. Што значи дека некој лаже. Или сите мажи се навистина застанати на 16 години со паметот.

Што мислите вие?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg