Топли, емотивни илустрации: Што би правеле ако на еден ден би се вратиле во детството?
Колку што стануваме повозрасни, толку повеќе го цениме детството.

Ова се неколку топли, емотивни илустрации кои прикажуваат што сè би направиле кога барем на еден ден би можеле да се вратиме во детството...
Силно би ги гушнале родителите.

Би си изградиле шатор од старите ќебиња дома.

Ќе си купиме лепче кое ќе го кршиме и грицкаме по пат.

Ќе шетавме на рамениците на тато.

Би се потсетиле на вкусот на ретро сладоледот послужен во едноставен корнет.

Ќе заспиевме на попладневната дремка со гласот на мајка си.

Ќе отидевме на новогодишна забава во градинка.

Би поминале ден на село, кај баба и дедо.

Ќе го искусевме чувството на првото запознавање со четвороножното пријателче.

Би се лизгале по снегот на брдо.

Ќе се возевме во луна парк.

Ќе правевме глупости додека другарите спијат.

И најмногу – ќе го поминевме цел ден надвор, додека нозете не нè здоболат од трчање.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам...
„Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“
„Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“
„Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“
„Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија...
„Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
