Смешна приказна: Срам

Еден ден запознав еден прекрасен господин и се заљубив. Кога стана јасно дека ќе се земеме, одлучив да престанам да јадам грав.

smesna-prikazna-sram-001.jpg

Неколку месеци подоцна на мојот роденден, ми се расипа автомобилот додека се враќав дома од работа. Со оглед на тоа дека живеев на село, му се јавив на сопругот и му кажав дека ќе доцнам затоа што морам пешки до дома.

Одејќи така, по пат наидов на мало кафеанче од кое се ширеше мирис на грав и едноставно не можев да одолеам.

Бидејќи пред себе имав пат од неколку километри, претпоставив дека по пат ќе се ослободам од сите нус појави. Влегов во кафанчето и за час „средив“ три порции грав. Кога продолжив да пешачам се потрудив да ги испуштам сите гасови.

Кога стигнав дома, сопругот беше среќен што ме гледа и весело ми рече:

Драга, имам изненадување за вечера!“.

Ми ги врза очите и ме одведе до масата.

Седнав, и токму кога сакаше да ми го тргне превезот, заѕвоне телефонот. Ме натера да му ветам дека нема да го тргнам превезот додека не се врати, и отиде да се јави.

Гравот кој го изедов се уште работеше во мојот стомак и притисокот стана неподнослив, така што ја искористив приликата додека да се врати маж ми да пуштам еден гас на страна.

Не само што беше гласен, туку и смрдеше на ѓубре и твор истовремено. Ја зедов салфетката од масата и жустро ја бркав смрдеата.

Потоа се наслонив на другата страна и си пуштив уште три. Смрдеата беше полоша од готвена и отстоена зелка. Решив да го слушам телефонскиот разговор од соседната соба, и си продолжив да се олеснувам во наредните неколку минути.

Задоволството беше неописливо. Кога поздравувањето преку телефонот го означи крајот на мојата слобода, направив уште неколку брзи кружни движења со салфетката, за да ја раздувам миризбата, и со чувство на задоволство и олеснување, ја спуштив раката.

На лицето сигурно го имав најневиниот израз кога мојот маж се врати и се извини што се задржа толку долго. Ме праша дали сум ѕиркала, но јас го уверив дека не отворив око.

Во тој момент, ми го тргна превезот и дванаесет гости кои седеа околу масата во еден глас викнаа:

„Среќен роденден!“

А, јас паднав во несвест.

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg