„Вие живеете без ниедна грижа на светот, пари нема, чалам има!“ - Животот во мојата чудесна Македонија

Речиси сите странци кои доаѓаат да ја посетат нашата земја се воодушевени од неа. Не може да се донајадат од нашата вкусна храна и да се допијат вино, пиво и ракија. Но, она што најмногу ги фасцинира е како така сиромашна земја како нашата живее ваков живот. Или се малку слепи и наивни или ние глумиме премногу добро.

Pari-nema-chalam-ima-zivotot-vo-Makedonija-01.jpg

Последната девојка која ја запознав, дојдена во посета на Македонија од Холандија ми рече – „вие живеете како да немате ама баш никаква грижа на светот“. Отрпнати сме сестро, што да ти кажам.

Една (мала) половина навистина живее без никаква грижа на светот. Кому му е гајле за температурата на парното, слабо ли било и дали ќе го има од понеделник, кога си на скијање во Копаоник?

Или тоа што со последниов наплив на нови ковид случаи нема ниту еден слободен термин за тестирање? Де бре, до тие ли 2000 ти е дојдено, оди и плати си на приватно. Ахам, еве веднаш.

Некој се грижи за градскиот превоз, ќе се редуцира ли, ќе го има ли, затоа што тоа е единствениот начин како да стигне до работното место.

Друг се туфка зошто мора да го чека уште 2 месеци новиот автомобил од салон со некаква специјална темноцрвена „трула вишња“ боја, со суптилен бургунди отсјај на сончевите зраци кои се одбиваат од мавровската белина, покрај новата скромна викендичка од само 180 m2.

За некого животот е мајка, за некого маќеа. Некому солзи, а некому бисери, вака пееше Калиопи, а се чини дека кај поголемиот дел од Македонците се леат солзи, ама ретко кој ги покажува и ги признава.

Па се челичиме, особено пред странците. Ги прелеваме трпезите и се налеваме со толку алкохол кој претворен во парични средства лесно ја надминува нашата дневница.

Што ти е гајле, еднаш се живее. Ја пребројуваме облеката и чевлите во плакарот, „леле, не може да ме видат во истата комбинација од минатата недела“. Кому му е гајле, навистина?

Ги пребројуваме и ситните пари во џебот. Ах, време е за ново рефинансирање на кредитот. Нова кредитна картичка. Нов заем.

За што? За јадењето и пиењето. За новата облека и таа чанта која одеше специјално со тие и тие чевли, носена дури 2 пати.

За фризури и шминки и третмани и китки што би рекол татко ми, за ѕинѕурци и покажување. Сите го правиме истото, и сите патиме поради истото.

„Вие живеете како да немате ама баш никаква грижа на светот“. Имаме. Имаме толку многу грижи и стресови, што не знаеме од каде да почнеме.

Можеби ќе ни бидат потребни следните 360 дена за да ти ги покажеме сите, надвор од „гламурот“ и прославата во овие 5 дена додека си тука. Остани, поседи уште малку.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...

Најчитани неделава