„Проколнатите“ дечиња кои плачат – најпознатите слики во поранешните ЈУ простори (фото)

Сликата на расплаканото момче е популарна репродукција што можела да се види закачена на ѕидовите на секоја втора куќа во поранешните југословенски земји. Сепак, малкумина знаат за легендата и проклетството што ја крие оваа слика.

Prokolnati-decinja-koi-placat-01.jpg

Оригиналното дело, направено по пример на бројни верзии и репродукции на расплакано момче (но и девојче), го насликал италијанскиот уметник Џовани Браголин, а по 1950-тите, репродукцијата била широко дистрибуирана низ светот.

Според истрагата, Џовани Браголин (1911-1981) бил псевдоним што го користел шпанскиот сликар Бруно Амадио, уште познат како Франшот Сервил.

Уметникот починал во 1981 година, а никој не можел да му влезе во трага и да ја потврди неговата приказна.

Првиот мистериозен настан што почнал да предизвикува контроверзии за расплаканото детско лице се случил на 5 септември 1985 година.

Prokolnati-decinja-koi-placat (9).jpg

Prokolnati-decinja-koi-placat (8).jpg

Во тој временски период, британскиот таблоид The Sun објавил приказна од Есекс, цитирајќи пожарникар кој изјавил дека неоштетени верзии на сликата биле пронајдени во куќите кои пак биле целосно опожарени. Никој не можел да објасни како се случило ова.

Суеверието си ја завршило својата работа, па набрзо сликата била прогласена за опседната. Пожарникарите кои тогаш биле единствените што знаеле за необичниот случај, го тргнале ова дело од своите домови, сметајќи дека привлекува несреќа.

Prokolnati-decinja-koi-placat (3).jpg

Prokolnati-decinja-koi-placat (6).jpg

Биле потребни малку повеќе од два месеци за масовно да се прошири урбаната легенда за опседнатата слика.

Британскиот комичар и новинар Стив Пант се зафатил малку посериозно со оваа тема. Тој снимил емисија која го обработила феноменот со сликите, продуцирана од BBC Radio 4.

Истражувајќи ја историјата на сликата и нејзините репродукции, Пант дознал дека репродукциите се направени на посебен начин – со премачкување на нивната површина со специјална материја која е тешко запалива.

Prokolnati-decinja-koi-placat (12).jpg

Prokolnati-decinja-koi-placat (11).jpg

Prokolnati-decinja-koi-placat (4).jpg

Тоа го довело до заклучокот дека кога пожарот ќе стигнел до спорната слика, прво ќе изгорела врвката на која висела сликата, а потоа сликата ќе паднела на подот со лицето надолу и така останувала недопрена.

Prokolnati-decinja-koi-placat (5).jpg

Prokolnati-decinja-koi-placat (6).jpg

Prokolnati-decinja-koi-placat_7_copy.jpg

Дали и вие имавте некаква репродукција „на времето“ од сликите на Џовани Браголин во домот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
За мојот поранешен најдобар другар - те сакам, ама веќе не ми се допаѓаш како личност До вчера можев да кажам дека имав најдобар другар со кој се дружам 15 години. Де...

Најчитани неделава