Дали жена ми е спонзоруша?

Кратка, урбана, хумористична приказна со добра доза на вистина во неа. На повеќето од вас можеби веќе позната, но вреди да се овековечи за оние  кои ја немаат сретнато.

dali-zena-mi-e-sponzorusa-001.jpg

Седнуваат маж и жена во елитен ресторан да вечераат.

По извесно време во ресторанот влегува згодна девојка, се упатува кај мажот и му седнува во скут:
- Па кај си љубов моја, те нема да се јавиш 7 дена, не си дојден не памтам од кога, кога ќе се видиме? Jави ми се обавезно... станува и си оди...

Жената му се врти на маж и:
- Која ти е оваа бе?

Мажот мртов ладен одговара:
- Швалерката.

Жената шокирана:
- Ѓубре едно, зар пред моите очи, утре барам развод!

А мажот :
- ОК! Утре добиваш развод, но сфати го следново - кога ќе се разведеш, нема летување во Грција, Шпанија, Египет, Хаваи, Кариби... нема зимување на Алпите, Копаоник... нема скапи автомобили, јахти, шопинг, накит, шминки, вечера во скапи ресторани...

Жената замолчува.

После неколку минути во ресторанот влегува нивен познаник, но не со жена му, туку со непозната згодна девојка.

Кога го видела ова, жената го прашала маж и:
- Која му е онаа?

На тоа мажот одговара:
- Неговата швалерка!

А жената:
- НАШАТА Е ПОУБАВА!

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg