11 „проблеми“ со кои денешните деца никогаш нема да се соочат, а сме ги имале во 90-ите и 2000-тите
Слично како и возрасните и малите деца имаат свои проблеми со кои се соочуваат секој ден. Да се потсетиме на некои од нив и да се насмееме. Можеби сега ви изгледаат смешно, но сетете се колку трагично ги прифаќавте овие работи кога бевте мали и како ги решававте.

„Мамо снема интернет“, „Тато нема батерија на таблетот“, „Со часови чекам, ама другарите не се вклучуваат во мрежа за да играме“ – Ова се некои од почестите „проблеми“ со кои се соочуваат денешните деца, а со кои „проблеми“ се соочувавме ние во минатото.
Денешните деца не сфаќаат како е кога немаш избор и мораш да чекаш да дојде 7 часот навечер и да изгледаш само еден цртан или да станеш рано наутро да чекаш да почне утринската програма за да го гледаш краткиот детски блок и тоа да биде сосема доволно за цел ден.
Проблеми за кои денешните деца не се свесни, бидејќи не знаат како е:
Да ти се скине лентата среде гледање цртани или да се заглави во видеото;

Со моливче или со прст да ја премотуваш касетата или да ја враќаш назад ако се скине;

Наместо да ти ѕвони мобилниот телефон, да ја слушаш мајка ти како вика од тераса и те срами пред другарите: „Ајде дома, под итно!“;

Да чекаш со часови да ја пуштат омилената песна на радио за да ја снимиш и да се молиш водителот да не прозбори среде снимање;

Со часови да ѕвониш на телефон за да успееш да се јавиш во емисијата „Изи Мизија“ за да играш;

Да дуваш во дискетата од нинтендото за да проработи и да можеш да играш;

Да гледаш цртани на „нишки“ телевизор и да мора да станеш за да смениш програма или да засилиш тон;

