Родените во '80 и '90ти паметат...

Колку пати до сега сте си помислиле „Ех, како лета времево“. Лета богами. Како вчера да беше кога бевме деца нагрбавени со ранците за на училиште.

 rodenite-vo-80ti-i-90tite-pametat-001.jpg

Како вчера да се тепавме кој да брише табла и кој да оди да позајми сунѓер од другиот клас. А, како што летаат годините, се менуваат времињата. Иако 90-тите не се така далеку од нас, на родените во 2000-та им се гледаат како праисторија.

Ако сте вие родени во 80-тите и 90тите сигурно ќе ги потврдите следниве факти:

1. Во наше време се изнајмуваа видео ленти од видеотека, не DVD-ја, а камо ли симнување филмови со торенти.

2. Вредеше да се стане во сабота рано сабајле за да гледаш цртани на Cartoon Network.

3. Една од омилените серии ви беше „Се плашите ли од темнината“.

4. На голем одмор сите сакаа да си играат со вашиот чиби чан.

5. Уживавте да го крадете пејџерот од татко ви.

6. Знаете да ја изиграте Макарена од почеток до крај.

7. Сите кул девојчиња носеа од пластичните прстени – лижавчиња во форма на цуцла.

8. Уживавте во јадење смрзнати сладоледи, иако мајка ви секој ден ви држеше лекција дека не се добри за грлото.

9. Што најчесто сакавте да бидете на „Транс – фу- зи- ја?“ – Ножици, камен, лист или река?

10. Ви се случувало да чекате цел ден на радио да ја пуштат омилената песна за да ја снимите на касета. И се нервиравте кога ќе пуштеа џингл или реклама во сред песна.

11. Денот кога добивте оригинал Вокмен, ви беше еден од најсреќните денови во животот.

12. Го мразите Секачот од Нинџа Желки. А, го сакате Сплинтер.

13. Сигурно ги памтите летечките мечиња.

14. А, Мати Мати колико је сати?

15. Денес со радост и ќеиф се сеќавате да детските денови.

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg