По што го паметите 1-ви септември?

Кога бевме мали ова беше еден од датумите кои ги мразевме. Летното уживање завршува после три месеци и време е да седнеш пак во училишните клупи.

po-sto-go-pamtite-1vi-septemvri-001.jpg

Како растеме, така повеќе се привикнуваме кон фактот дека се си има своја убавина. Така возрасните, денес би дале се, да можат да се вратат во училиште.

Ова се некои сеќавања со овој датум:

1. Од вечерта се спремаш што ќе облечеш.

2. Ова е денот кога знаеш дека одиш без ранец па можеш и малку по шминкерски.

3. Од вечер се договараш со екипата каде да се чекате и дали да одите покасно.

4. Баба ви фрла вода кога ќе излезете од дома за со лесно да ви тргне годината.

5. Сите меѓусебно се прашувате кој каде бил на одмор.

6. Почнуваат новите трачеви – кој со кого летово, што, како.

7. Имате само класен час на кој класната кажува два збора, останатиот дел го поминувате во гласен меѓусебен муабет.

8. После часот задолжително се оди на кафе во некои од шемаџиските кафулиња.

9. Денот кога се молите да не почнат со предавања веднаш на втори, за да имате бар уште еден слободен викенд.

10. Ја пафкате првата цигара скришно во ве-це.

11. Свесни сте дека веќе наредниот ден ве чека писмена по македонски: Како го поминав летниот распуст!

По што вие го памтите први септември?

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg