Родив дете и јас сум му мајка - кога ќе сфатат мајка ми и свекрва ми?

Колку родителите знаат да се постават во улога на баба и дедо без притоа да навлезат во интимниот простор на своето дете кое веќе има свое семејство? Што кога родителите несвесно се обидуваат да го растат своето внуче, како што го растеле и своето дете?

rodiv-dete-veke-ne-sum-dete-01.jpg

Се започнува во текот на вашата бременост. Вашата мајка особено е посветена секојдневно да води евиденција за вашата бременост, вашите мачнини, количеството на примени витамини и редовни контроли? Вие веројатно се чувствувате убаво во овој период бидејќи сите ви посветуваат огромно внимание. Но, веќе со раѓањето на вашето дете сè добива поинаква димензија.  

Баба и дедо се нови титули во животот на вашите родители, па тие ќе бидат горди на она што се, а воедно и носталгични за времето кога вие бевте деца. На тој начин се пројавува една несвесна заштитничка страна кон вас, но и кон вашето дете и веќе тука е тенка границата на она што е нормално и она што е премногу во моментот.

Од типот на пелени кои треба да ги користите, крем за тело, редовни педијатриски контроли, секојдневни посети од нивна страна, колку млеко имате, дали е паметно да воведете дохрана. Вие се чувствувате претрупани со информации и совети од сите страни, небаре тоа е единствената секирација која ја имате во моментот.  

Секако, тука да не ги заборавиме родителите на вашиот партнер. Нивниот фокус секако не е поинаков, па ќе наидете на различни исцрпувачки дебати за вашата секојдневна рутина, навиките кои ги имате во домот, храната која не ја готвите и зошто не ја готвите... (читај меѓу редови - немате време ни да се избањате) и ред други работи.  

Сите овие активности наидуваат на нетрпение и нервоза меѓу вас и вашиот партнер. Па така, неизбежно е да се запрашате до кога ќе трае ова лудило? 

Секоја генерација носи свои промени и создава различни луѓе. Па така, она што за вас е сосема нормално, како прошетка во парк пред вашето дете да направи 40 дена, дохрана со адаптирано млеко (кое во времето на вашите родители било незамисливо) веројатно ќе наиде на неразбирање од страна на постарите. И тоа е во ред. Нивното време и знаење се почитува исто така, но сепак ќе си поставите многу прашања кои ќе наменат нови одговори.... 

Како да се постават границите?

Секој нов брачен пар со мало бебе сака да постави граници во поглед на односот што го има со родителите особено со воспоставувањето на новите навики. Но, тука сигурно ќе се сетите дека поставувањето на граница ќе наиде на негодување, а најчесто има и контра ефект како на пример навредена мајка или свекрва.  

Обидете се со правилото на помал отпор и на убав и културен начин побарајте им време на постарите. На тој начин веќе индирентно ќе им посочите дека не може да се појават на вашата врата како ненајавени гости со тенџере со ручек или пак слобода да го раскреваат вашиот дом по нивни правила.  

Вашите родители ќе бидат секогаш само ваши родители, но не и родители на вашето дете. Следствено, слободно посочете им дека воспитувањето, здравите навики и потребните граници треба да ги поставите вие и вашиот сопруг и никој друг. 

Баба и дедо се тука да разгалат, почестат, причуваат и слично, но не и да се поставуваат во улога на авторитет пред родителите. Секако, тие сигурно немаат лоша намера, но сепак се што се коси со вашите правила и норми, веројатно кај вас создава дополнителна фрустрација и прави да се чувствувате недораснати во очите на своите родители, што понатаму може да ве направи несигурна мајка. 

Овие мали недоразбирања, знаат да доведат и до конфликти меѓу партнерите, а воедно и конфузија кај самото дете. Како ќе расте, така ќе сака да поминува што повеќе време кај баба и дедо, бегајќи од дома. Со тоа нема да си помогнете, туку само ќе си одмогнете.

Со мајчинството и бракот вие се менувате во целост. Вашата зрелост испливува на површина, а со тоа и карактерните промени. Затоа, сосема е нормално да посочите што не ви се допаѓа и што сакате да се измени од самиот почеток. На тој начин работите ќе добијат поинаков тек. 

И кога ќе ви биде најтешко, сетете се дека веќе не сте дете кое на првиот проблем трча кај мама и тато, туку напротив и вие родивте свое дете кое сега е центарот на вашиот свет.  

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М.У.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дедо Мраз, сакам да ме посвои руски тајкун и една златна картичка, место златна рипка“ Како прво, оваа година Дедо Мраз те молам или да ме заобиколиш или да почнеш уба...
Ги карам децата на улица во Скопје – ми дотрчува баба со критики, ставам тетоважа – ме судат роднини... Дотеран маж - гарант е бизнисмен и ја изневерува жена му, 100% сите му се лепат,...
„Тато не може да дои, но е ангел чувар кој бдее над своето дете и мајката“ „Тато не може да дои, но тука е за да ѝ помогне на исцрпената мајка, па и да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg