Не ги осудувај оние луѓе кои го пребројуваат кусурот на каса, ниту оние кои посетуваат психолог

Борбата со емоциите е ролеркостер кој е еден од најдолгите и најтешки за справување. Секојдневно имаш причина поради која едноставно не ти е денот. Не ти се станува, кафето го истури, го заборави паричникот, немаш пари за појадок, те изнервира колегата, детето е ненаспано, па владее нервоза. Се случува, нели?

ne-gi-osuduvaj-onie-lugje-koi-go-prebrojuvaat-kusurot-na-kasa-nitu-onie-koi-posetuvaat-psiholog-01.jpg

Седиш и си викаш: „Кај ме најде сега, зошто денес?”  

Некогаш ќе премолчиш за мир во куќа, но некогаш едноставно ќе избувнеш и ќе ја изгубиш самоконтролата. Па, со намуртено лице ќе продолжиш да живуркаш низ денот.

Оддеднаш ќе се соберете ти и емоциите и ќе решиш да пронајдеш некоја капка позитива во морето негативности. Се дотера и реши да си го разубавиш денот... Но, по пат заборави дека секој околу тебе носи некој немир во себе.

Па така, не очекувај дека секој ќе те пречека со насмеано лице. Па си коментираш како околу тебе сите не чинат, а забораваш дека и ти го почна денот намуртено.  

Понекогаш е сосема нормално денот да не ти е убав и да лежиш и да не ти е до ништо, но во наредната пригода кога ќе видиш тажно лице, не осудувај. Не можеш да знаеш кој каква битка води во себе и што носи на грбот. 

Секој со соочува со своите проблеми на свој начин.  

Некогаш луѓето го чуваат во себе сиот стрес затоа што се емотивни и се плашат да не ги повредат блиските околу себе. 

Акумулираат негативности, па немој да се чудиш ако сретнеш намуртена касиерка која нема да ти каже добар ден денес во маркетот. 

Некогаш ќе наидеш на бабичка во паркот што ќе ти го раскаже денот – бидејќи нема на кој. 

Ќе седнеш на кафе, а до тебе седи мајка чие дете не престанува да плаче ? – Немој веднаш да бидеш со негативен став и коментар како не знае да се справи со плачливото бебе....

На крајот од денот и на неа не ѝ е лесно секојдневно со сите предизвици со кои се соочува. 

Не ги осудувај оние луѓе кои го пребројуваат кусурот на каса – на секој му е броен денарот. И на најбогатиот, па и на најсиромашниот.  

Ретко кој се залага за себе и не треба да биде табу тема или срам доколку решиш да посетуваш психолог за да се чувствуваш подобро.

Во ова денешно сивило, и најмала насмевка дава сјај во очи. Да ги гледаме нештата со емпатија и сочуство. Секогаш најди една добра причина да се насмееш.

Убеди се себеси и тие околу тебе дека сонцето грее за сите подеднакво, но по некој облак и дожд мора да постои.  

На крајот на денот сите се радуваме на виножитото. 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...

Најчитани неделава