Имам мали гробишта со луѓе кои некогаш ми беа драги (тие не умреа, но за мене се мртви)

imam-mali-grobishta-so-lugje-koi-nekogash-mi-bea-dragi-tie-ne-umrea-no-za-mene-se-mrtvi-01.jpg

Имам мали гробишта со луѓе кои некогаш ми беа многу драги. Тие не умреа навистина, но за мене се мртви – засекогаш.

Таму „почива“ мојата другарка од средношклоските денови, која ме издаде, мојата прва љубов, која ме изневери и ми го скрши срцето...

Понекогаш во мислите шетам таму, застанувам крај нивните гробови, им положувам цвеќе или едноставно минувам покрај нив.

Тие гробишта се во мене и за нив никој не знае.

Не ме боли. Тие се мртви за мене, тие не знаат, но јас знам. Ги „погребав“ за да не ме повредуваат и навредуваат. За да нема лоши зборови и болни погледи, јас ги „погребав“ и за мртвите само најдобро.

Колку ти е некој поблизок, толку е потешко да го погребете.

Мене барем, тој не сака да ми излезе од главата и душата и морам секој ден одново и одново да го „погребувам“.

Ќе има најубав ковчег и цвеќе, но ќе мора да лежи во него, му се извинувам. Така јас ќе го имам својот мир и нема да ме боли.

Ќе плачам, нема да го заборавам, но за мене е мртов и јас ќе продолжам да живеам.

Извор: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Мајчинството ми ги донесе најголемите падови, но и најголемата среќа – зборот „мамо“ е магичен Откако станав мајка ја доживеав најголемата среќа, но истовремено ги почувствува...
Колку сум постара, толку повеќе сакам тишина, добри луѓе и едноставни рецепти Колку сум постара, толку повеќе сакам тишина. И тоа не само затоа што сум уморна...
„Ако имаш повеќе, подели“ - Најубавите совети од мојата баба Марика за љубовта, животот и семејствот... Не се сеќавам убаво на мојата баба Марика Василева (родена Димковска) од Велес. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg