Носталгија по едни убави спомени: Ако се сеќавате на оваа игра, сигурно имате над 25 години

Се сеќавате ли вие што добивавте најчесто? За што служеше овој дел од опаковката на мастиките за џвакање?

nostalgija-po-edni-ubavi-spomeni-vi-nedostasuva-li-i-vam-ova-vreme-01.jpg

Голем одмор, трчаш да си купиш ужинка, а наместо 5 денари кусур продавачот ти дава мастика и се радуваш. Топ, имаме ливчиња за гатање… Ех, убави времиња!

Се сеќавате ли на игрите што ги игравме кога бевме малку поголеми? Ако сте биле тинејџери на крајот од 90-тите и на почетокот на 2000-тите години сигурно оваа брза игра ви била меѓу омилените.

Една корисничка на Твитер објави фотка што нè потсети на едни убави времиња, па сакавме да ве прашаме колкумина од вас се сеќаваат на ова време?

?s=46&t=kc4Qhs-33DQUCZzkqbe2Xg

Помните ли што се правеше со ливчето од мастиките на кои имаше детално упатство како треба да се спакува и да се фрли мастиката.

Упатството служи за да ве научи дека мастиката се вади од уста, се витка во хартија и се фрла во корпа за отпадоци, но нам ни се чинеше дека овој дел од мастиките е одличен за предвидување на тоа што ќе се случи на следната средба со симпатијата.

nostalgija-po-edni-ubavi-spomeni-vi-nedostasuva-li-i-vam-ova-vreme-02.jpg

Три другарки, една мастика и играта може да започне.

Ако нема тројца во кругот, тогаш ќе повикаш некој во близина да извлече едно ливче.

Секој дел од упатството се дели на мало парче, се витка за да не се гледа сликата и секоја од трите другарки (или другари) влече по едно ливче.

Да видиме кој ќе добие бакнеж, кој понуда, а кој корпа. Ако е бакнеж скокаш од радост, ако е понуда тогаш значи дека има надеж, а ако е корпа, значи навистина не е фер.

Се сеќавате што добивавте вие најчесто и верувавте ли дека предвидувањето навистина ќе се оствари?

 Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg