Не можеш да си „гасер“ без патики од 300 евра, ни „паркаш“ без да локаш ко луд – Новите поделби меѓу младите носат дискриминација и неморал

Секоја временска рамка поседува свои млади претставници - припадници на своевидна „модерна“ класификација. Шмизлите, кремците, скинерите, некогаш беа едни од најпопуларните во низата, а секој кој не беше нивен припадник беше прогласен за „несфатен“, вклучувајќи ги и бубалиците. Денес, тоа се гасери и паркаши - што означуваат овие термини?

Ne-mozhesh-da-si-gaser-bez-patiki-od-300-evra-ni-parkash-bez-da-ljokash-ko-lud-novite-podelbi-pomegju-mladite-nosat-blud-i-nemoral 01 630x330.jpg

Модерното време ни донесе многу нови трендови, нова терминологија и поделба на младите со која родителите сериозно се обидуваат да се изборат.

Станува збор за термините „гасер“ и „паркаш“ кои веќе неколку години се популаризираат, а нивните припадници се релативно млади луѓе на возраст од 12 до 18 години.

Дел од родителите запознаени со оваа нова форма на класификација сметаат дека е крајно дискриминирачка и ги дели децата според брендираната облека и стилот, наспроти етичките и морални принципи до кои треба да се придржуваат.

Знаеш дека си стар кога треба да ја прашаш помладата генерација што значи терминот „гасер“ и „паркаш“ -  често се шегуваат на социјалните мрежи, па ние се обидовме да ви објасниме.

Па, што точно претставуваат термините „гасер“ и „паркаш“:

Гасери

Името го добиле по изразот „Иде гассс“ чие конкретно значење сѐ уште е во процес на дешифрирање.

Во суштина, Гасерите се духовни наследници на Дизелашите, иако присутно е и влијанието на другите субкултури од кои со сигурност доминираат негативни карактеристики.

Гасерите и Гасерките се всушност деца од новата генерација кои обично се задоволуваат со скапи работи, купуваат патики во Buzz, носат брендирана облека и изгледаат недопирливо.

Најчесто тоа се момчиња со кратки фризури или целосно избричени глави и по природа треба да се арогантни и намуртени, секогаш подготвени да се скараат со некого.

Како што наведовме претходно, Гасерите се облекуваат прилично скапо за нашите стандарди.

Задолжителни се скапите патики, Napapijri јакни, Nike тренерки, дуксери, копии на Rolex часовници, но најмногу ги препознаваат Nike Air 95/95, Ultra/97/TN/ и најновите модели на Air Force.

Меѓу нивните карактеристики се „брзите наочари“, односно очилата за сонце што ги носат и дење и ноќе.

Приоритет се и брендираните капи, ранци и слично. Секое небрендирано парче не доаѓа предвид кога се работи за Гасерите. Тие се водат по слоганот: „Колку поскапо, толку подобро“.

Слушаат музика со дискутабилен квалитет, а вкусовите се движат низ турбофолкот создаден во претходните 3 години што од непозната причина го сметаат за рап, на пример: Јала Брат, Буба Корели, Војаж, Нучи и др.

Гасерите не поднесуваат сè што носи старки или мартинки и слуша алтернативна музика – особено рок и метал. 

Иако оваа класификација не пркоси со бројни позитивни карактеристики, таа е општо прифатена и сакана во кругот на младите.

Ne-mozhesh-da-si-gaser-bez-patiki-od-300-evra-ni-parkash-bez-da-ljokash-ko-lud-novite-podelbi-pomegju-mladite-nosat-blud-i-nemoral 02 630x380.jpg

Паркаши

Во суштина – тотална спротивност на Гасерите. Станува збор за тинејџери кои воглавно слушаат рок, панк, метал, излегуваат во Градскиот парк и токму оттаму потекнува нивното име „Паркаши“.

Претежно се облекуваат во темни нијанси и претпочитаат екстравагантен стил – кој додека за некого е „кул“, за другите е сосема несфатен и непривлечен.

Поради честите предрасуди за оваа класификација на тинејџери, самите често знаат да се поделат на Паркаши што слушаат алтренативна музика и се доста екстровертни и дружељубиви и Паркаши кои се тотални интроверти и живеат во свој одделен свет.

Често своите коси ги бојадисуваат во повеќе нијанси или во некоја впечатлива боја. Омилен пијалак им е пиво, а неретко на големите собири и роденденски забави прославени во летниковците низ Парк пијат големи количини на вино и други алкохолни пијалаци.

Во суштина, станува збор за алтернативни друштва на металци, рокери, рапери, панкери, неретко категоризирани стереотипно токму поради музичката определба.

Ne-mozhesh-da-si-gaser-bez-patiki-od-300-evra-ni-parkash-bez-da-ljokash-ko-lud-novite-podelbi-pomegju-mladite-nosat-blud-i-nemoral 03 630x380.jpg

Колку родителите и училиштата можат да се справат со поделбите кои во голема мера ги нарушуваат моралните вредности и претставуваат раздор за младата популација?

Дали дигиталната технологија која вирално владее со младите генерации ќе им овозможи да ги надминат емоционалните и психолошките тешкотии од реалниот свет или пак ќе ги продлабочи...?!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да напр...
Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg