Не е срамота да се работи - срамота е да ги омаловажуваме луѓето што чесно заработуваат

Која категорија спаѓа во срамна работа? Дали конобарење, работа на шанк, работа во перална за коли или супер маркет, работа во служба за хигиена, или пак некоја занаетчиска работа, од типот автомеханичарска работилница и слично, се категориите „жити сѐ, не можеше нешто посаглам да најдеш“?! Знаеме сите дека лежачи има на тони, но навистина е дегутантно да ги омаловажуваме луѓето кои работат тоа што знаат и умеат и придонесуваат за своите семејства.

ne-e-sramota-da-se-raboti-sramota-e-da-gi-omalovazhuvame-lugjeto-shto-chesno-zarabotuvaat-01.jpg

Ни на крај памет дека ова ќе го напишам, но толку силно бев испровоцирана, што не одолеав.

Замислете, другарка ми ме „просветли“ дека било срамота да се работи било каква работа. Абе ајде?!

Не можев да се воздржам и веднаш прашав: „А што конкретно има срамно во работењето било што? Работа е работа, како да ни е малку што се изнагледавме паразити што чекаат родителите да им платат градинка за децата, да им платат сметки, да им дадат пари за пијачка во град или 500 денари за бензин, а притоа паразитиве се полнолетни и работоспособни!“

Поддржувам бирање работно место поради некоја здравствена отежителна околност или хендикеп, но здрави млади луѓе да имаат предрасуди околу изборот на работа, во време кога повеќето семејства од средната класа едвај врзуваат крај со крај, е тоа не можам да го сфатам!

Важно е да се запази трендот на патење од предрасуди околу тоа што е дозволена работа, а што е срамно да се работи.

Извинете, која категорија спаѓа во срамна работа? Дали конобарење, работа на шанк, работа во перална за коли или супер маркет, работа во служба за хигиена, или пак некоја занаетчиска работа, од типот автомеханичарска работилница и слично, се категориите „жити сѐ, не можеше нешто посаглам да најдеш“?!

ne-se-sramam-od-rabota-02.jpg

Извинете свилени, а кој ќе ве послужи во кафуле, кој ќе ви спреми пијалок, кој ќе ви ги измие колите, кој ќе ви наплати на каса во супер маркет или ќе ви го собере ѓубрето во 6.30 сабајле?!

Токму тие луѓе што не се срамат од работа, чесно заработуваат пари со реален труд.

Знаеме сите дека лежачи има на тони, но навистина е дегутантно да ги омаловажуваме луѓето кои работат тоа што знаат и умеат и придонесуваат за своите семејства.

ne-se-sramam-od-rabota-03.jpg

Затоа драга другарке, не, не ми е срам да работам, не крадам и не повредувам никого со мојата работа.

И како што вели една наша мудра мисла: Не бива претпријатие со повеќе директори отколку вработени...

Значи и ние работничката класа сме битни во ова општество!

Кара | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg