Магијата на старо Скопје: Како скопските населби ги добиле имињата?

Град со душа. Скопје и неговата приказна. Дали си го знаеме главниот град и какви беа во минатото денешните скопски општини? Како тие ги добија своите имиња? Кои маала биле најпознати? 

Staro-skopje-madzir-maalo-najelitna-naselba-debar-maalo-srceto-na-starite-skopjani-imeto-na-opstina-chair-oznacuva-livada-vo-crnice-imalo-grobista-01.jpg

Различни приказни и верувања, многу вистини и митови раскажани од старите скопски ликови и хроничари.  

Маџир Маало 

Скопска населба кое името го добива од богатите доселеници наречени Маџири.

Оваа населба изобилува со куќи кои биле подигнати покрај течението на реката Вардар и во минатото ги исполнувала критериумите за една од ретките урбани населби, а веќе кон крајот на 19-ти век е прогласена за најелитна населба во Скопје со доселени богаташи кои своето богатство го стекнале за време на турските војувања во христијанските земји.  

Staro-skopje-madzir-maalo-najelitna-naselba-debar-maalo-srceto-na-starite-skopjani-imeto-na-opstina-chair-oznacuva-livada-vo-crnice-imalo-grobista-02.jpg

Топанско поле или Топаана 

Местото каде што живееле Османлиите кога го окупирале градот. Баш во оваа населба, турската војска ги поправала топовите, па и оттаму Османлиите овој дел од Скопје го нарекле поле на топови или на турски Топхана. 

Буњаковец 

Населбата го добила името на фамилијата Буњак, во чија сопственост биле поголем дел од парцелите на кои се граделе првите куќи.

Целото земјиште во овој дел од Скопје било сопственост на неколку фамилии, меѓу кои најпознати и најбогати биле Буњаковци.   

Staro-skopje-madzir-maalo-najelitna-naselba-debar-maalo-srceto-na-starite-skopjani-imeto-na-opstina-chair-oznacuva-livada-vo-crnice-imalo-grobista-03.jpg

Лисиче 

Во 1900 година, со најдодените води на Маркова река се поплавиле голем број на куќи, па жителите биле преморани да се преселат во погорната месност каде што имало лисици, па на тој начин ова место го нарекле Лисичка.

Денес веќе познато како Лисиче, поделено на Горно и Долно Лисиче.  

Аеродром 

Населбата Стар Аеродром била изградена на зелена ливада во далечната 1964 година, на местото каде некогаш се наоѓал воениот аеродром на Југословенската народна армија (ЈНА).

Mногумина знаат дека Аеродром, една од поновите општини, го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај сегашната поликлиника „Јане Сандански“.

Првиот патнички авион таму слетал на 15 јуни 1928 година, бил од типот „потез 29“ од француско производство и превезувал пет патници. Аеродромот бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година. 

Staro-skopje-madzir-maalo-najelitna-naselba-debar-maalo-srceto-na-starite-skopjani-imeto-na-opstina-chair-oznacuva-livada-vo-crnice-imalo-grobista-04.jpg

Дебар Маало 

Првите жители на оваа населба биле родум од Дебар, според кое оваа населба го има токму ова име.  

Откако во 1918 година делови од Западна Македонија припаднале на Албанија, голем број македонски семејства биле принудно иселени од своите домови. Дел од нив се доселиле во Скопје и во Дебар Маало изградиле нови домови.   

Автокоманда 

Оваа населба е крстена според касарната на српската војска.„Аутокоманда“, која се наоѓала во овој дел на Скопје и била изградена во 1914 година. 

Кисела вода 

Името на оваа населба е уште од 18 век, од времето на турскиот бег Усеин. На местото каде што денес се наоѓа црквата „Свети Никита“ извирала кисела вода.   

Staro-skopje-madzir-maalo-najelitna-naselba-debar-maalo-srceto-na-starite-skopjani-imeto-na-opstina-chair-oznacuva-livada-vo-crnice-imalo-grobista-05.jpg

Ѓорче Петров  

Денешната населба Ѓорче Петров е создадена непосредно по Првата светска војна, како предградие на град Скопје. До Ѓорче се стигало само со познатото „вовче пампурче“.   

Тафталиџе 

Населбата Тафталиџе името го добива од турскиот збор (тахталиџе), што во превод значи маало со дрвени куќи. Ова име го добива бидејќи долго време просторот на денешната населбата била една голема ливада и имало само по некоја дрвена куќа. 

Staro-skopje-madzir-maalo-najelitna-naselba-debar-maalo-srceto-na-starite-skopjani-imeto-na-opstina-chair-oznacuva-livada-vo-crnice-imalo-grobista-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М.У.Т. | Црнобело / фото: SkyScraperCity

Би можело да ве интересира:

За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...
Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg