Ти силна жено, во ред e да пукнеш некогаш, во ред е да покажеш слабост...

ti-silna-zheno-vo-red-e-da-puknesh-nekogash-vo-red-e-da-pokazhesh-slabost-01.jpg

Убаво велат дека силните жени не се раѓаат, нив животот ги создава низ сите животни бури кои им ги приредува.

И силната жена ретко кој ја разбира...

Ретко кој ѝ верува кога ќе каже дека не ѝ е добро.

Кога ќе каже дека душата ја боли, иако е насмеана однадвор.

Никој не верува дека таа длабоко во себе може да биде кршлива.

Затоа што секогаш гордо ја носи насмевката.

Секогаш има збор за утеха за секого.

Секогаш е рамо за плачење.

Секогаш е потпора и најголема поддршка.

Кога ќе ја видиш, чиниш дека нема ниту една грижа на умот.

ti-silna-zheno-vo-red-e-da-puknesh-nekogash-vo-red-e-da-pokazhesh-slabost-02.jpg

Чиниш таа го диктира животот, чиниш со судбината најдобра пријателка е.

А судбината нејзина?

И тешка и непредвидлива и полна проблеми, неретко повеќе и од oние на другите.

Но, оваа силна жена е доказ дека животот не е тоа што ти се случува.

Туку како реагираш на тоа што ти се случува.

Силната жена може многу да поднесе на плеќите и повторно насмеана да биде.

Може навечер солзи да брише, а наутро нови врвови да освојува.

Може да биде и жена и мајка и кралица и пријател за медал и ќерка од соништата.

Силната жена за секоја улога има сила.

Само нема сила некогаш да им го скрши срцето на саканите и да им каже дека повеќе не може...

Дека ѝ е доста, дека и неа ѝ е потребен ден за одмор, ден да се исплаче, ден за да биде слаба.

Да, прашајте ја силната жена од вашата околина како се чувствува.

Можеби целиот товар го носи на својот грб и тоа предолго, премногу, за сите, без да се пожали.

А и треба да се пожали, само човек е, силен, но сепак само човек.

Со емоции, со несоници, со тегоби, со стравови.

Можеби ретко им дозволува доминација, но тука се, ја демнат.

Да, ти силна жено, смееш да се скршиш, да пукнеш, да вреснеш, да заплачеш, да бидеш на моменти слаба во очите на другите.

Сосема е во ред, и ти си само човек...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...
Александар Белов за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж, во глава си пеев 'еден бакнеж и магија се ... „Се каам што по завршувањето на Операција триумф се уплашив од продукцијата и до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg