Леонардо да Винчи: Како да го искористите времето?

Ако барате совети како добро да го искористите своето време и да ја зголемите продуктивноста, одличен извор на инспирација и мудри зборови е Леонардо да Винчи.

5-soveti-od-leonardo-da-vinci-kako-da-go-iskoristite-vremeto-001.jpg

Автор е на некои од најголемите уметнички дела како Мона Лиза и Тајната вечера, неговите дневници се полни со идеi за разни изуми како хидрауличната пумпа, хеликоптер, а меѓу другото бил и анатом, ботаничар и музичар.

1. Работете.

Импресионирам сум од потребата за правење дела. Знаењето не е доволно, мора и да го применуваме. Да се има волја не е доволно, мора и да се работи.

Нема начин нешто да се направи само со размислување и желба за одредени резултати. Мора да дејствувате. Размислете колку време поминувате не правејќи ништо (гледајќи ТВ), колку размислувате и планирате, а колку работите. За почеток наполнете се со ентузијазам, гледајте на позитивната страна на ситуацијата, а потоа градете на оваа основа.

2. Бидете доследни.

Железото ‘рѓосува кога е запуштено, стоената вода ја губи чистотата, а на ладно време се замрзнува. На ист начин и неподвижноста ја уништува силата на умот.

Морате да бидете упорни и доследни. Така можете да направите речиси сè. Една од најчестите причини зошто луѓето не го остваруваат она што го сакаат, е затоа што не сакаат да продолжат. Во саморазвојот, доследноста и упорноста не се најпривлечното нешто, но се најверојатно најкорисни.

3. Заобиколете ги препреките.

Препреките не можат да ме скршат. Оној кој е насочен кон ѕвездите, не може да ја промени целта.

Препреките можат лесно да ве обесхрабрат, но најголемите препреки се најчесто во вашите мисли. Заради ова, паметно е да ги ревидирате своите претпоставки. Можеби мислите како е нешто потешко отколку што навистина изгледа. Барајте начин да ги заобиколите препреките, сè додека не најдете.

4. Што е важно за вас?

Време има доволно, за секој кој сака да го користи.

Секогаш има доволно време, но важно е да препознаете што е значајно за вас и врз основа на ова да ги темелите сите акции. Ако не сте сигурни што сакате, треба да се обидувате. Искуството ве прави помудри – полесно препознавате што сакате, а што не сакате.

5. Сконцентрирајте се.

Како што секое поделено кралство паѓа, така и умот поделен меѓу многу теми е збунет и исцрпен.

Тоа не значи дека треба да се занимавате само со една работа, туку баш напротив. Но, додека правите едно нешто, посветете се потполно. Паметно распределете го своето време и искористете ги максимално своите најсилни адути.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg