Одиш со акутен здравствен проблем на дежурство и не можеш да се избориш доктор да те прегледа. Жално!

„Ми се јавува другарка ми, распаметена и вознемирена, затоа што сопругот не ѝ бил здравствено добар. Велам, полека, кажи што е работата. Човекот кренал многу висок притисок и нормално таа го однела во болница кај нас, на дежурство во 23 часот. Таму немало никој влезен на преглед, но и покрај тоа 20 минути чекале да дојде доктор прашувала жената неколку пати и секогаш сестрата велела 'еве сега ќе дојде, стрпете се'...“

odish-so-akuten-zdravstven-problem-na-dezhurstvo-i-ne-mozhesh-da-se-izborish-doktor-da-te-pregleda-zhalno-neli-01.jpg

Многу ми е криво што поединци и исклучоци од медицинската фела успеваат да го уништат впечатокот за трудот и залагањата на нашите здравствени работници.

Докторите, медицинските сестри и целокупниот персонал на скопските клиники даваат сè од себе за да пружат максимална здравствена грижа за нас луѓето, независно кои сме и од каде доаѓаме.

На скопските клиники се лечат пациенти и од главниот град и од останатите градови во држава, затоа што се смета дека тука се концентрирани поголемиот дел од здравствените експерти во државата. Секоја чест за нив и реално, треба да сме благодарни што ги имаме!

Но, поединци кои не знам ни самата како се решиле да бидат здравствени работници, комплетно го „рушат“ впечатокот и заради нив неколку исклучоци, луѓето добиваат погрешна и негативна слика за нашите доктори, најмногу затоа што сме научени да ги генерализираме нештата.

Во прилог на ова, ќе ја споделам најновата ситуација на која посведочив, која апсолутно го доловува ова за што пишувам.

Ми се јавува другарка ми, распаметена и вознемирена, затоа што сопругот не ѝ бил здравствено добар. Велам, полека, кажи што е работата.

Човекот кренал многу висок притисок и нормално таа го однела во болница, на дежурство во 23 часот.

Таму немало никој влезен на преглед, но и покрај тоа 20 минути чекале да дојде доктор, прашувала жената неколку пати и секогаш сестрата велела „еве сега ќе дојде, стрпете се“.

Чекале да дојде доктор, во меѓувреме на сопругот му се лошело од високиот притисок, се тресел, имал силни болки во градите.... и наеднаш, вели другарка ми, се појавуваат од ходникот две девојки, личеле на студентки, фатени под рака, полека нога за нога доаѓале, си се смееле и си раскажувале нешто. Тоа биле докторките на дежурство.

Приемот бил страшно дрзок, никаква насока за терапија не му дале на човекот, па уште и му коментирале дека 170/102 притисок не било страшно за негови години (тој има 50 години и овој притисок му бил со испиена терапија).

Рекле да си оди дома, дека не му било ништо и џабе доаѓал.

Кога другарка ми прашала што да прават ако повторно многу му се качи притисокот, тие им рекле „Епа тогаш дојдете пак“.

А за што да дојдат? За да чекаат 20 минути, иако е итен случај? За да ги убедувате дека сè е ок? За да не му дадете терапија? Кој е тој неодговорен однос?

Овие две докторки се исклучоците за кои зборувам. Досега за жал сум имала многу причини да побарам здравствена помош и секогаш сум ја добила истата и сум била одлично примена. Затоа ми е криво што вакви луѓе го искривуваат мислењето кое го имаме за нашите здравствени работници.

Човекот имал таква (не)среќа токму тие да му се погодат, кога најмногу му требало некој да му помогне.

Не мора по секоја цена да се биде доктор, има и други професии, тоа е многу хумана и одговорна професија, за да се дозволи секој да ја работи.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

Кара | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg