Сурово е да си домаќинка - се грижиш за сите, а за возврат (не) добиваш ниту „благодарам“

Ретки се оние кои ја препознаваат тежината на улогата на домаќинките во домот, а уште поретки мажите и децата кои ќе и кажат: „Ти благодарам за сѐ што правиш“.

Najtesko-e-da-bides-domakinka-vo-ovoj-surov-svet-01.jpg

Сите сакаме убава средена и негувана жена што кога ќе ја сретнеш на улица си помислуваш – „Ех каде има време волку да се стокми?“ Да, тоа е истата жена што е дома домаќинка. Што ја носи најнеблагодарната работа и улога што постои.

Каде што кога мириса домот на манџа, сите ја критикуваат.

Онаа што пегла алишта до ниедно време.

Онаа што е критикувана зошто пушта машини во текот на ноќта, кога е евтина струјата.

Жената што кога ќе реши да оди да пазари, не заборава да понесе економични ќеси, но и да стави црвен кармин, зошто на крајот на денот - сепак е дама.

Ретки се оние кои ја препознаваат тежината на оваа улога, а уште поретки мажите и децата кои ќе и кажат: „Ти благодарам за се што правиш“.

Сурово, зар не?

Да стоиш над шпорет пола ден, за ручек што ќе се изеде за 15 минути.

За секоја желба за храна, и веднаш испорака.

За секојдневното одржување на домот, џогирање и бришење прашина од сите површини – за овој дом да мириса чисто и свежо.

Najtesko-e-da-bides-domakinka-vo-ovoj-surov-svet-02.jpg

Улогата на домаќинка е 24/7, да смисли што треба да се јаде 365 дена во годината. Да испазари, исчисти, испере и испегла.

Да бидат сите средени, среќни и задоволни.

Да уреди дом за празник, да приготви празнична трпеза, да раскрене несредени садови.

Najtesko-e-da-bides-domakinka-vo-ovoj-surov-svet-03.jpg

За на крајот истата таа жена, да излезе надвор и да се трансформира во дама, со средени нокти и коса, небаре ништо не прави. А прави сѐ.

Бидете благодарни на жените-домаќинки во вашиот живот.

Тие се оние кои прават се за само едно – ТИ БЛАГОДАРАМ. 

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg