Вкочанети луѓе, кои го промислуваат секој збор – Не, благодарам за таков тип на пријатели!

Не сакам луѓе кои пазат што ќе кажат, како ќе седнат, колку гласно ќе дишат, кои промислуваат што ќе речат другите, се преиспитуваат пред да доверат нешто најобично од својот живот. Ми нема живот мене во нив, ниту ми се забавни за дружба, ниту некако ме мотивираат и инспирираат.

vkochaneti-lugje-koi-go-promisluvaat-sekoj-zbor-ne-blagodaram-za-takov-tip-na-prijateli-01.jpg

Ми велат: „Леле, ти со секој сакаш да се дружиш, со секого имаш муабет“…

Нормално, секој еден од нас е своја приказна со своите радости и таги. Сакам да ислушам, да споделам, сакам да утешам, прегрнам, но и да се израдувам на туѓа среќа.

Сакам луѓе и не знам како некои луѓе имаат желба да живеат без луѓе. Сами, затворени дома со себе и своите Нетфликс маратони... Искрено, не ми е сфатливо.

За мене животот е надвор, животот е луѓе, случувања, акција, патувања, движење, грабање, плачење, смеење.

Не сакам луѓе затворени во своите златни кафези, кои неретко немаат ниту допир со реалноста.

Не сакам луѓе како восочни фигури кои живеат живот без емоции.

Глумат нешто. Нив никогаш ништо не ги боли, никој никогаш не ги разочарал, кај нив сè е под конец.

Презентираат некаква илузија, слика во која се трудат себе да се убедат да веруваат.

Зошто лажеме и се лажеме?

Секој има подеми и падови.

Вчера можеби се смеевме до солзи од среќа, денес плачеме од тага, утре одново истото. Тоа е живот и се случува.

И не е ништо страшно. Ако нема тага, нема да ја цениме радоста толку многу.

И сакам луѓе кои се реални и со кои ќе си седнеш на маса и ќе си исприкажеш апсолутно сè.

Не сакам луѓе кои пазат што ќе кажат, како ќе седнат, колку гласно ќе дишат, кои промислуваат што ќе речат другите, се преиспитуваат пред да доверат нешто најобично од својот живот.

Ми нема живот мене во нив, ниту ми се забавни за дружба, ниту некако ме мотивираат и инспирираат.

Не ме тераат на размислување, ниту на преиспитување на себе, не ме прават побогата на апсолутно никаков начин.

Нивното шаблонско постоење ми е неинспиративно и затоа само со такви луѓе, налик восочни фигури, не се дружам.

Сите други и да сум ги запознала вчера, денес можат да ми станат најдобри другари.

Не промислувам со кого што ќе споделам, само правам така како што чувствувам.

А, на овие „мумиите“? Доста криевте сè под тепихот, животот е краток, опуштете се, живејте!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg