Мажена сум, а живеам како самохрана мајка. Сопругот ми е за украс.

Ова е апел до нас жените, Пепелашките на 21-виот век, кои сме толку глупави, што натоваривме сè на нашите плеќи. Проблем е што на ова ни текнува само после полноќ. Кога лежиме преморени, речиси мртви во креветот.

mazhena-sum-a-zhiveam-kako-samohrana-majka-soprugot-mi-e-za-ukras-01.jpg

Животот на денешната балканска жена често се сведува на живот на самохрана мајка. Така е и со мојот живот.

Нека не ми се лутат самохраните мајки, терминот го користам за да доловам колку е најтешко на свет кога сè правиш сам. Секоја чест за нив!

Имам куп обврски, добра километража во нозете и постојано среќавам други мажени жени, кои исто како мене сè прават сами.

Сопругот? Тој и мене и на нив ни е за украс!

„Ајде деца. Будење, станувајте, облекувајте се.“

„Каде ми се патиките? Што да појадуваме?“

Повторно јас подготвувам.

„Потоа ги носам во градинка/училиште. Одам на работа. Се враќам, ги бањам. Одам на родителска.“

Потоа повторно јас.

Одам во аптека, на пазар, во продавници, до книжарница, до доктор...

Потоа повторно јас.

Ги носам да им купам чизми, па на кино, па на детски роденден...

Со раце преполни торби, растргната на сите страни, без време да си ја измијам косата на раат.

Потоа повторно јас.

Менувам сијалица дома, влечам кутии на поткровје, барам мајстор за аспираторот, кај да е и кутијата со алат ќе ми стане позната комплет.

А најинтересно е што сум мажена.

Мажот најчесто нема ниту идеја кога им се часовите по математика и тренинзите на децата, не знае каде му стои зимската јакна, ниту што да ѝ купи на мајка му за роденден. Не знае ниту да смени постелнина.

А полнолетен е. Женет човек.

Татко.

И не го зборувам ова затоа што ми недостига љубов. Ниту е бунт против мажите.

Ова е апел до нас жените, Пепелашките на 21-виот век, кои сме толку глупави, што натоваривме сè на нашите плеќи.

Проблем е што на ова ни текнува само после полноќ. Кога лежиме преморени, речиси мртви во креветот.

Денски немаме време.

Пуштаме уште една машина за перење, местиме завеса, пегламе кошула.

Се претвораме во несреќнички во развлечени тренерки.

Без нерви. Со притисок врз себе.

Но, знаете што е единственото што ме теши?

Што во целата моја фарса од животна бајка, моите мали принц и принцеза дома ме гледаат како кралица.

Вистинска.

Со круна, свила, бисери.

Без разлика дали сум во развлечени тренерки, целата нервозна, тие мене ме гледаат како кралицата која ги исполнува нивните соништа и желби и знаат дека во мојата прегратка секогаш ќе пронајдат утеха, некој што ќе ги ислуша и ќе биде мевлем за нивните болки.

Ете, само тоа ме теши.

Па, и не е малку, нели?

Извор

Би можело да ве интересира:

Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg