Има биполарно нарушување, 2 пати заврши во затвор: Факти за скандалозниот син на Томи Хилфигер

Најпознатото дете на дизајнерот Томи Хилфигер е Ричард, познат и како Рики Хил. Покрај не баш успешната музичка, но и модна кариера, тој има проблеми со менталното здравје кои пробувал да ги лекува сам, со дрога и алкохол.

ima-bipolarno-narushuvanje-2-pati-zavrshi-vo-zatvor-fakti-za-skandalozniot-sin-na-tomi-hilfiger-01.jpg

Модниот дизајнер Томи Хилфигер е основач на една од најпознатите луксузни модни куќи. Кариерата ја почнал во 1970-тите и до денес ужива репутација на еден од најплодните дизајнери.

Томи трипати застанал пред олтар и од 2008 година е во брак со третата сопруга – дизајнерката Ди Оклепо.

Има пет биолошки деца, од кои сите се држат настрана од јавност, освен син му Ричард кој е музичар.

Но, 35-годишниот Ричард, познат и како Рики Хил, привлекува многу повеќе внимание со скандалозното однесување, отколку со музиката.

ima-bipolarno-narushuvanje-2-pati-zavrshi-vo-zatvor-fakti-za-skandalozniot-sin-na-tomi-hilfiger-12.JPG

Неколку факти за проблематичниот син на познатиот режисер:

Има биполарно нарушување и АДХД

Во основно, Ричард честопати имал проблеми со наставниците и соучениците поради однесувањето. Подоцна добил дијагноза за биполарно нарушување и АДХД, со што се утврдила причината за неговото проблематично однесување.

На почетокот добивал терапија препишана од психијатар, но има откриено дека постепено престанал да ја пие и почнал самиот да се „лекува“ со дрога.

ima-bipolarno-narushuvanje-2-pati-zavrshi-vo-zatvor-fakti-za-skandalozniot-sin-na-tomi-hilfiger-02.JPG

Бил отфрлен од врсниците на училиште

Иако татко му е еден од најпознатите дизајнери на планетата, Ричард не бил воопшто популарен на училиште.

Вели дека покрај проблематичното однесување, децата го избегнувале и бидејќи покажувал интерес за мода и бил полничок, но и бидејќи сакал хип-хоп музика.

„Не одев во приватно училиште, но сепак беше училиште со добра репутација. Сепак, тој период слушав хип-хоп музика, а на соучениците тоа им пречеше. Ме исмејуваа“.

ima-bipolarno-narushuvanje-2-pati-zavrshi-vo-zatvor-fakti-za-skandalozniot-sin-na-tomi-hilfiger-03.JPG

Поминал два месеца на рехабилитација

Кога прекинал да ја пие препишаната терапија, Ричард почнал да користи марихуана, а бил и уапсен за поседување.

Поминал една ноќ во затвор, бил ослободен со кауција од 20.000 долари, а благодарение на врските на татко му, не му било отворено досие.

Набрзо потоа, Ричард отиде и на рехабилитација – искуство што наводно му го променило животот.

„Беше лошо момче. Си имаше проблеми, но кога отиде на рехабилитација, сфати дека е време да си го промени животот.

Знаеше дека можеше да заврши во затвор и ова не е лесен период за него и неговото семејство“, изјави тогаш извор близок до Ричард.

ima-bipolarno-narushuvanje-2-pati-zavrshi-vo-zatvor-fakti-za-skandalozniot-sin-na-tomi-hilfiger-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава