Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија

Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто немаат имиња, а на пролет во градот Кавасаки се одржува фестивал во чест на богови кои штитат од сексуално преносливи болести, па главната „ѕвезда“ на настанот е машки полов орган.

mnogu-ulici-nemaat-iminja-i-ushte-7-ludi-fakti-za-zhivotot-vo-japonija-01.jpg

Разликите меѓу нашата и јапонската култура се дијаметрални и токму поради ова, за нас, Јапонија е фасцинантна земја.

Од начин на исхрана, до традиции и навики за работа, се чини дека се разликуваме во сè.

Неколку забавни детали од животот во Јапонија:

„Продавници“ за прегратки

Кај Јапонците, особено помладите, осаменоста е чест проблем. Па, ова отворило можност за несекојдневна услуга – салони во кои можете да си платите за прегратки и сличен контакт со друга личност.

Овие салони не се бордели и не нудат никакви сексуални услуги, туку сето е сведено само на физички допир, како прегратка.

mnogu-ulici-nemaat-iminja-i-ushte-7-ludi-fakti-za-zhivotot-vo-japonija-02_copy.JPG

Фестивалот Kanamara Matsuri

Секоја пролет, во храмот Kanayama во градот Кавасаки се одржува фестивалот познат како Kanamara Matsuri.

Фестивалот е во чест на бог и божица на ковачкиот занает и металургијата, но и на кои Јапонците им се молат за лесно породување, хармонија во бракот и заштита од сексуално преносливи болести.

Поради ова, главната „ѕвезда“ на фестивалот е машкиот полов орган, па покрај статуата во форма на машки гениталии, додека трае настанот се продаваат и слатки, свеќи и што уште не со оваа форма.

Фестивалот привлекува многу туристи, а собраните пари се донираат во истражувања за ХИВ и сексуално преносливи болести.

mnogu-ulici-nemaat-iminja-i-ushte-7-ludi-fakti-za-zhivotot-vo-japonija-03.JPG

Опсесија со мајонез

Мајонезот е популарен и кај нас, но Јапонците навистина го обожаваат.

Интересно е што кога мајонезот се појавил во Јапонија пред околу еден век, Јапонците не биле многу заинтересирани.

Но, кога почнал да се рекламира како додаток за морска храна, почнале да го ставаат на сè – од риба и месо, до нудли и суши.

Многумина го ставаат на пица, а можете да најдете и чипс, па и сладолед со вкус на мајонез во Јапонија.

mnogu-ulici-nemaat-iminja-i-ushte-7-ludi-fakti-za-zhivotot-vo-japonija-04.JPG

Дремењето на работа е норма

Добро познат факт е дека Јапонците се воркахолици до степен што ние, па и повеќето држави, не би го издржале.

Кај нив се величаат луѓето кои работат без престан, па поради ова веќе е норма да се дреме во канцеларија. Всушност, со дремката во канцеларија, Јапонците покажуваат дека работеле до последно и оние кои не спијат на работа дури се гледани и со презир.

Секако, по дремката, се очекува повторно да продолжат со работа.

mnogu-ulici-nemaat-iminja-i-ushte-7-ludi-fakti-za-zhivotot-vo-japonija-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...

Најчитани неделава