Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија
Туркање луѓе во метро
Возовите и метроата се главниот јавен превоз во Јапонија, а за време на шпицот има поголем метеж отколку во градските автобуси во Скопје.
Поради ова, има лица чија задача е да ги истуркаат сите во вагонот, за вратите да можат да се затворат.
Лименки со Брајово писмо
Инклузивноста во Јапонија е на завидно ниво и секогаш се земаат предвид и потребите на луѓето со попреченост.
Поради ова, лименките во кои се продава пиво или друг алкохол се обележани со Брајово писмо, за лицата со оштетен вид да можат да ги разликуваат од безалкохолните пијалаци.
Овошје кое чини мало богатство
И кај нас можете да најдете многу скапо овошје, но во Јапонија се оди во екстреми со ваквите луксузни продукти.
На пример, има продавници во кои едно јаболко чини над 20 евра поради начинот на коешто е одгледано.
Има и лубеници во разни форми, како пирамида, кои се продаваат и по цена од над 1.000 евра.
Многу улици немаат имиња
Кај нас, секоја улица си има име и во кој град и да се наоѓате, лесно можете да се снајдете, особено со денешни алатки како Google Maps.
Во Јапонија е друга приказна – во бројни градови, улиците немаат имиња, особено ако не се поврзани со булевари и поголеми улици.
Па, адресите не се како кај нас, туку прво е наведена префектурата, па градот, па областа во градот, па соседството… На крај е бројот на зградата или куќата, но ни овие броеви не се според некој ред како кај нас.
Односно, зградата со број 5 може да бие сместена до зградата со број 16. Причината за ова е тоа што градбите ги добиваат броевите откако ќе се изградат.
Иако за нас е збунувачки, Јапонците одлично се снаоѓаат со овој систем.
Спирова С. | Црнобело