Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?

Бидејќи прекарот го следи цел живот, Бенито решил да го користи и како сценско име.

Неговите рани видеа имаат стотици милиони прегледи, додека соработките со ѕвезди како Ники Минаж, Дрејк, Енрике Иглесијас и Џенифер Лопез дополнително го зајакнаа неговото место на светската сцена.

Песната I Like It, која ја сними со Карди Би, пак, се искачи на врвот на Billboard Hot 100.

poraneshna-devojka-go-tuzheshe-za-40-milioni-dolari-peel-vo-crkoven-hor-shto-znaeme-za-bad-bani-07.jpg

Освен во музиката, Бед Бани остава силен белег и во светот на модата.

Тој е препознатлив по тоа што комбинира машки и женски стил во облеката, носи здолништа, фустани, впечатливи бои и необични кроеви.

Потврда за статусот на модна икона доби и во 2024 година, кога беше ко-водител на Мет Гала, заедно со Џенифер Лопез, Зендеја, Крис Хемсворт и Ана Винтур.

poraneshna-devojka-go-tuzheshe-za-40-milioni-dolari-peel-vo-crkoven-hor-shto-znaeme-za-bad-bani-11.jpg

Сака и маникир и често има интересно украсени долги нокти.

Во 2018 година јавно испрати критика кон салон во Шпанија кој одбил да му пружи услуга затоа што е маж.

Ова доведе до хомофобични коментари и прашања поврзани со неговата сексуалност, особено што е познат по својата поддршка на ЛГБТ заедницата.

poraneshna-devojka-go-tuzheshe-za-40-milioni-dolari-peel-vo-crkoven-hor-shto-znaeme-za-bad-bani-17.jpg

Тој, пак, пред неколку години изјави дека е „сексуално флуиден“ и хетеросексуален.

„Сакам жени, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се допадне некој маж“, изјавил тој.

Иако е многу активен на социјалните мрежи и папараците постојано го следат, музичарот успева да ја чува својата приватност од медиумите.

poraneshna-devojka-go-tuzheshe-za-40-milioni-dolari-peel-vo-crkoven-hor-shto-znaeme-za-bad-bani-15_copy.jpg

Сепак, се знае дека бил 5 години во врска со Карлиз де ла Круз, која го тужеше во 2023 година дека го користел нејзиниот глас во песните Pa Ti и Dos Mil 16, и тоа стихот Bad Bunny, babe, кој таа го снимила во 2015 година, додека сè уште беа во врска.

Таа му барала 40 милиони долари, откако одбила 2.000 долари колку што ѝ понудил тој. Иако медиумите пишуваа дека Карлиз победила на суд, таа демантираше.

poraneshna-devojka-go-tuzheshe-za-40-milioni-dolari-peel-vo-crkoven-hor-shto-znaeme-za-bad-bani-13_copy_copy_copy_copy_copy_copy.jpg

Познато е дека бил во петгодишна врска со Габриела Берлингери, дизајнерка на накит која ја запознал во ресторан за време на семејна вечера по еден свој концерт во 2017 година. Раскинале во 2022 година.

Следната година ја запознал манекенката Кендал Џенер, со која се појави ви кампања на Gucci. Иако беа во врска една година, многумина веруваа дека романсата е маркетиншки трик, бидејќи тој слабо зборува англиски, а Кендал не зборува шпански.

poraneshna-devojka-go-tuzheshe-za-40-milioni-dolari-peel-vo-crkoven-hor-shto-znaeme-za-bad-bani-08_copy_copy_copy_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на ... Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живо...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg