8 Стари мудрости и верувања, кои науката ги потврди и кои треба да ги применуваме

Можеби земјата не е рамна и не e плоча која ја носат три кита, но мудреците од стариот свет за некои работи биле во право. Всушност, во последните години модерната наука и емпириски ги докажа некои од античките учења и верувања за точни и потврди дека можат значајно да допринесат во подобрување на квалитетот на нашиот живот.

8-stari-mudrosti-i-veruvanja-koi-naukata-gi-potvrdila-i-koi-treba-da-gi-primenuvame-01

Дознајте дел од нив и применете ги:

1. Помогни им на другите, а со тоа помогнете си и себе

Старите философи расправале за тоа дали е подобар хедонистичкиот начин на живот каде задоволството е врвната цел или е подобро да се има  повисока цел во животот и да им се помага на другите.

Во последните години научниците докажаа дека оние луѓе кои сакаат им помагаат на другите, имаат подолг животен век, поголема физичка издржливост и подобар имунитет.

Како врв на сето ова, при секое добро дело нив ги обзема она прекрасно, благородно чувство кое го прави овој свет поубаво место за живеење.

2. Акупкунтурата може да го врати балансот во вашето тело

Оваа традиционална кинеска техника би требало да го врати балансот во духот на човекот. Без разлика дали верувате во животна енергија која тече низ нашите тела, или сметате дека тоа се бабини деветини, медицината докажа дека акупунктурата може да допринесе во лечењето мигрена, артритис и други хронични болки.

Истражувањата дури покажаа дека со лечењето на овие болести преку акупунктруа е многу поефикасно отколку со традиционалните западни методи.

3. За да успееме ни треба подршката од заедницата

Традиционалното будистичко учење вели дека заедницата е клучна за долг и среќен живот. Испитувањата докажаа дека здравиот социјален живот допринесува за долг живот.

Тие дури докажале дека лошата социјализација е поопасна за животот на човекот и од физичката неактивност и дебелината. Застрашувачки биле резултатите и бројката на смртни случаи токму поради овој неквалитетен сегмент од животот. Така што, прегрнете ги пријателите и своите најблиски, тие навистина значат за вас половина здравје.

4. Таи Чи може да врати во баланс многу аспекти од нашето здравје

Кинеската боречка вештина Таи Чи учи дека со постигнувањето на баланс меѓу телото и умот, се создава една природна атмосфера на хармонија и мир, што директно допринесува за подолг живот.

Таи Чи е докажано дека делува благотворно за оние кои се болни од артитис, остеопороза или имаат проблеми со срцето.

8-stari-mudrosti-i-veruvanja-koi-naukata-gi-potvrdila-i-koi-treba-da-gi-primenuvame-1

5. Медитацијата може да го намали стресот и да ви помогне да го пронајдете внатрешниот мир

Со помош на медитацијата се смирува умот и воедно се достигнува повисоко ниво на свесност. Науката докажа дека со помош на медитацијата може да се смири нервниот систем и да се подобри имунитетот.

Со намалување на стресот се ублажува и можноста од хипертензија и неплодност. Затоа, по напорниот работен ден одвојте неколку минути само за себе и препуштете му се на својот внатрешен мир.

6. Сочувствувај за живот полн со значење

Постои форма на тибетанска медитација на ниво на сочувствување со другите преку изразот на нивното лице.

Таа допринесува самиот човек да ја пронајде својата смисла во животот, подлабоко исполнување и да се чувствува многу позадоволен со својот живот.

7. Прифаќањето на она што не можеш да го смениш е клучно за намалување на страдањето

Ова е посебно точно кога поминуваме низ транзициони моменти во животот.

За да се приспособиме на животот во извесен момент мора да го прифатиме она што е неизбежно и непроменливо, не треба залудно да си ја трошиме енергија спротивставувајќи му се.

Најпаметно би било во тие моменти да побараме помош и да си признаеме дека не сме семоќни. Самото прифаќање ќе допринесе побрзо да го вратиме балансот во своите животи.

8. Сè што ни треба е љубов

Низ вековите сите философи и мудреци се согласуваат за едно нешто, дека за да живееме живот полн со значење и среќа, сè што ни треба е љубов. 

Постоја два столба на среќата: едниот е љубовта, манифестирана преку романтична врска која целосно нè исполнува, а вториот столб е начинот да не ја уништиме таа љубов, туку да ја заштитиме и одржиме жива. Токму љубовта секогаш била и ќе биде причина за нашето постоење, без неа нашите животи едноставно не би имале смисла.

8-stari-mudrosti-i-veruvanja-koi-naukata-gi-potvrdila-i-koi-treba-da-gi-primenuvame-2

Би можело да ве интересира:

5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg