Зборови на мудроста: Комедијантите и нивните скриени цитати

Кога се зборува за комедија, луѓето веднаш помислуваат на шоу во кое безгрижно ќе се забавуваат.

zbzorovi-na-mudrosta-komedijantite-i-nivnite-skrieni-citati-1

Но, ако навистина внимателно слушате, ќе чуете некои мудри цитати во настапот на комедијантите.

Комедијантите често велат дека ние не умееме да ги сфатиме тие мудрости, бидејќи се смееме премногу силно, а тоа е добрата страна на комедијата: можете да се смеете и да научите нешто ново истовремено.

1. „Јас мислам дека луѓето гледаат поинаку на храброста, бидејќи тие сметаат дека тоа значи да не се плашите од ништо, но не е точно. Храброста значи дека се плашите, но сеедно продолжувате напред.”- Крег Фергусон

2. „Очајот е задолжителна состојка доколку сакате да научите нешто ново или да создадете нешто. Точка. Ако барем во еден миг не се почувствувате очајно, тогаш не сте заинтересирани.”- Џим Кери

3. На светот му е потребно да му донесете нешто што дотогаш го немал. Не е важно што е тоа. Не важно дали е маса или филм, сите треба да креираат. Вие треба да направите нешто, а потоа да седнете и да речете: Јас го создадов тоа”. - Рики Џервеис.

4. „Открив дека единствената работа која носи среќа е да направите нешто добро за некого, кој не е способен тоа нешто да го направи самиот.” - Дејвид Летерман

5. „Многу луѓе преферираат да живеат во драма, бидејќи така се чувствуваат удобно. Тоа е исто како да останете во лош брак или врска, бидејќи тие знаат што да очекуваат секој ден, што е спротивно од напуштањето и незнаењето на очекувањето.”  Елен де Џенерис

6„Во Америка, политичарите започнаа да се мешаат со нарцизам.”- Џон Оливер

7. „Колку повеќе работи правите, толку подобри станувате во соочувањето со неуспехот.”- Џон Муланеј

8. „Ако сте тивки, тогаш не живеете. Морате да бидете гласни, шарени и живи.”- Мел Брукс

9. „Порано мислев дека мораш да го живееш овој мизерен живот и така да станеш посмешен, но не е така. Мизеријата ќе дојде. Мизеријата ќе те пронајде.” - Бил Бур

10. „Понекогаш патиштата кои се најмалку посетени, покажуваат дека малку се патувало низ нив со причина.”- Џери Сеинфилд

11. „Сакам кога сум сама. Мислам, обожавам кога сум во друштво на моите пријатели, сакам да љубам и да сум заљубена. Но, понекогаш е тешко да пронајдеш некој кој веднаш не те осудува тебе и твоите одлуки.” - Сара Силверман

Кој ви се допадна најмногу?

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg