Креативноста е заразна, пренеси ја на сите!

Креативните луѓе знаат дека креативноста е заразна и се пренесува на сите, но доколку нечиј имунитет на креативност е силен, ќе ја отфрли.

kreativnosta-e-zarazna-prenesi-ja-na-site-1

Не бидете имуни на креативност, заразете се со неа и оставете душата да зборува, не заборавајте да го следите сонот кој секогаш се враќа кога пред да заспивате, бидејќи тој е вашата судбина.

Ова се нaјубавите креативни цитати за креативноста кои ќе ви дадат храброст да ја прифатите и извадите од себе на најкреативен начин досега!

- Креативноста без сомнение е најважниот извор за се во животот на луѓето. Без неа светот не би бил во прогрес и сите би живееле во една рутина.

- Она креативното што се наоѓа во вас е уникатно, доколку го блокирате ќе стане изгубено засекогаш.

- Креативноста е измислување на нови нешта, а иновативноста е правење на нови нешта - пронајдете ја разликата.

- Креативноста не е хоби, таа е стил на живот.

- Креативен мозок е интелигентен мозок кој се забавува постојано.

- Вашата креативност е место кое никој никогаш не го посетил досега. Излезгувањето од вашата комфорна зона и посетувањето на ова место ќе ве натера да откриете нешто неверојатно. Ќе ве натера да се откриете себеси!

- Подобро е да постојано да имаш идеи и да грешиш, отколку да немаш идеи и секогаш да бидеш во право.

- Креативноста е измислување, експериментирање, растење, ризикување, кршење на правилата, грешење и најважно од се забава. Звучи привлечно, нели?

- Секој уметник шара со четката во својата душа и ја слика сопствената природа на платното пред него. Пронајди ја својата четка и насликај ја душата на свое платно!

- Не можеш да чекаш да ти дојде креативноста, потребно е ти да се упатиш кон неа.

- Креативноста е да видиш нешто што се уште не постои, а потоа да видиш како истото се создава и повторно го гледаш, овој пат како истото постои.

- Нашата најголема муза за изразување на креативноста е детето во себе.

- Секогаш слушај го човекот со уникатни идеи и учи од него, колку и да звучат луди и неостварливи. Верувај дека штом тој бил толку луд да ги смисли, ќе најде начин и луд начин да ги оствари!

kreativnosta-e-zarazna-prenesi-ja-na-site-2

 - Запомни, ако на луѓето им ставиш ограда, ќе станат овци. Дај им го потребниот простор за ширење на нивната креативност и самиот ќе станеш креативец, наместо овца.

- Креативноста е заразна, пренеси ја на сите!

- За да живееш креативно, треба да го убиеш стравот од неуспех и грешки.

- Не можеш даја исцрпиш креативноста до крај - колку повеќе ја црпиш, толку повеќе надоаѓа.

- Реалноста е само за луѓе кои не се креативни.

- Креативноста бара храброст, не биди слабак!

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg