Ричард Бренсон: Моите 10 правила за среќа

Сер Ричард Бренсон е еден од најпознатите бизнисмени и инвеститори на светот. Тој е основачот на Virgin групацијата која се состои од повеќе од 400 компании.

richard-brenson-moite-10-pravila-za-srekja-01.jpg

Својот претприемачки дух го покажал уште на 16-годишна возраст кога раководел со списанието „The Student“. Успеал да интервјуира неколку познати лица во 60-тите години, меѓу кои и Мик Џегер.

Подоцна ја отвора својата прва продавница за продавање на плочи која полека, но сигурно ја претвора во мултимилијардерски бизнис.

На што се должи неговиот успех? На среќата. „Јас верувам дека прво треба да ја пронајдете својата среќа, а потоа ќе дојде и успехот. Среќата ве насочува кон тоа да донесувате добри животни одлуки и ви отвора врати кон нови можности“ – вели Бренсон.

Кои се неговите топ 10 цитати за поголема среќа?

10. „Среќата не е загарантирана. Таа доаѓа од вашите постапки“ – Далај Лама

9. „Среќата е како бакнеж. Мора да ја споделите за да уживате во неа“ – Бернхард Мелцер

8. „Поголемиот дел од вашата мизерност и несреќа се одредени не од ситуациите, туку од тоа како ги перципирате ситуациите“ – Марта Вашингтон

7. „Запомнете: најсреќните луѓе не се оние кои добиваат повеќе, туку оние кои даваат повеќе“ – Х. Џексон Браун

6. „Вашите постапки не секогаш ќе ве направат среќни, но не постои среќа без активност“ – Бенџамин Дизраели

5. „Среќата не е отсуство на проблеми, туку способноста да се справите со нив“ – Стив Мараболи

4. „Ако сакате среќа за еден час, дремнете. Ако сакате среќа за еден ден, рибарете. Ако сакате среќа за една година, наследете богатство. Ако сакате доживотна среќа, помогнете некому“ – Кинеска поговорка

3. „Среќните луѓе се убави. Тие се како огледало и рефлектираат светлина од себе“ – Дру Баримор

2. „Секој сака да живее на врвот на планината, но целата среќа и раст се случуваат додека се качувате на истата“ – Енди Руни

1. „Среќата не е цел... Таа е нуспроизвод од добриот живот“ – Еленор Рузвелт

Би можело да ве интересира:

Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg