Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 фасцинантни факти за Маите

Маите се мезоамериканска цивилизација, позната по целосно развиениот писмен јазик, уметност, архитектура, математички и астрономски системи.

8-fascinantni-fakti-za-maite-01.png

Постојат многу заблуди во врска со Маите и овие факти веројатно не сте ги знаеле за оваа голема древна цивилизација:

Детство

Факт: Маите сакале нивните деца да имаат неприродни физички карактеристики. На пример, на челата на бебињата им се ставала даска за да се создаде поинаква форма. Овој процес бил широко распространет меѓу високата класа. Уште еден интересен факт за децата на Маите е дека повеќето беа именувани според денот кога се родени.


Медицина

Факт: Маите имале многу одлични медицински пракси, а медицината претставувала комплексна мешавина на умот, телото, религијата, ритуалите и науката. Ја практикувале само неколку избрани лица кои имале одлично образование. Овие луѓе, наречени шамани, дејствувалекако медиуми помеѓу физичкиот и духовниот свет. Познато е дека Маите ги шиеле раните со човечка коса, правеле протези од жад и ги пополнувале забите со железо.


Крвни жртви

Овој факт е прилично добро познат. Тие принесувале човечки жртви од верски и медицински причини. Но,она што повеќето луѓе не го знаат е дека оваа пракса сè уште се практикува, иако наместо човечка крв се користи крв од кокошка.


Лекови против болки

Факт: Маите редовно ги користеле и халуциногените дроги во своите верски обреди, кои исто така, се користеле во секојдневниот живот како лекови против болки.


Сауни

Факт: На Маите им биле важни прочистувањата на телото и духот, затоа создавале сауни, т.н. zumpul-ché. Тие биле слични на модерните сауни, изградени од камени ѕидови со мал отвор на врвот.


Последната држава

Факт: Последната државата на Маите постоела до 1697 година, а градот Tayasal бил последното независно царство.


Животот продолжува

Факт: Календарот на Маите не го предвидува крајот на светот во 2012 година. Според нивната митологија, ние живееме во четвртиот свет. Последниот свет завршува на 12.19.19.17.19  во нивниот календар. Оваа секвенца се случи повторно на 20 декември 2012.

Според Маите, ова е време за голема прослава, бидејќи се достигнал крајот на циклусот на создавањето, што не значи дека светот ќе се уништи, напротив, се работи за почеток на нова ера.


Древна мистерија

Факт: Никој не знае која е причината за падот на културата на Маите. Постојат докази дека тие го исцрпиле земјоделскиот потенцијал, а некои научници теоретизираат дека интензивна 200-годишна суша довела до колапс на Маите.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во сите има метал од Ајфеловата кула – Факти за медалите за Олимписки игри 2024 Хексагонот на медалите е направен од парче железо од Ајфеловата кула, додека на ...
„Има очи како џамлии“ – Старински комплименти кои ги користиме во Македонија Тој е силен како бик, а таа има глас како славеј... Се сеќавате ли на комплимент...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Нема завршено средно, ќе донира пола од богатството: Кој е милијардерот што отиде на првата приватна... Во четвртокот (12.09) милијардерот Џаред Исакман стана првиот човек кој отишол н...
„Понекогаш тревата е позелена затоа што е вештачка“ и уште 12 цитати за охрабрување „Твојот нормален ден е нечиј сон, па биди благодарен/на“. „Луѓето кои ти велат д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg