Интересни факти за близнаците: Последните децении е зголемен бројот, високите жени почесто ги раѓаат

Еднојајчаните близнаци имаат исти гени, но нивните личности се различни, дури и кога се воспитувани на ист начин.

interesni-fakti-za-bliznaci-poslednite-decenii-e-zgolemen-brojot-visokite-zeni-pocesto-gi-ragjaat-01.jpg

Истражувачот Тим Спектор верува дека различната експресија на гените е последица на факторот околина.

Неколку интересни факти за еднојајчените близнаци:

Ако оплодената клетка се подели во подоцен стадиум од ембрионалниот развој, отколку што е вообичаено, резултатот се близнаци кои се симетрични. Некои од нивните телесни карактеристики обично се спротивно ориентирани, на пример едниот близнак е десничар, а другиот левичар.

Близнаците обично создаваат сопствен јазик кој е неразбирлив за другите. Едно истражување објавено од Институтот за општа лингвистика, покажува дека автономните јазици постојат кај 40% од близнаците, иако тие не го паметат јазикот цел живот. Јазикот обично се состои од некои измислени зборови, неколку различни изрази и варира со возраста. Феноменот не е ограничен само на близнаците и може да се забележи кај обичните браќа и сестри.

Иако некои бразди на врвот на прстот се слични, близнаците се разликуваат по детали, покажало едно истражување.

Бројот на близнаци последниве децении е зголемен

Бројот на близнаци е најголем до сега, покажало истражувањето на Националниот центар за здравствена статистика. Бројот на раѓање на близнаци е зголемен за 76% од 1980 до 2009 година. Пресудни за ова се методите за лечење на неплодност. Исто така, жените кои се постари од 30 години почесто раѓаат близнаци.

interesni-fakti-za-bliznaci-poslednite-decenii-e-zgolemen-brojot-visokite-zeni-pocesto-gi-ragjaat-2.jpg

Иако луѓето тешко ги разликуваат еднојајчаните близнаци, тоа не е случај кај кучињата. На пример, германските овчари кои се посебно обучени, можат да забележат варијации во мирисот кај еднојајчаните близнаци.

Тоа важи и во случаи кога близнаците живеат во иста куќа и јадат иста храна. Кучињата кои се користени во студијата биле тренирани од полицијата, посебно обучени да разликуваат нијанси во мирисот.

Истражувањето е спроведено на близнаци постари од пет години, па не е познато дали кучињата можат да разликуваат мирис и кај бебиња.


Високите жени почесто раѓаат близнаци

Акушерите ги споредиле по висина жените кои раѓале близнаци и тројки, со просечна висина на жените во Америка и откриле дека високите жени почесто раѓаат близнаци.

interesni-fakti-za-bliznaci-poslednite-decenii-e-zgolemen-brojot-visokite-zeni-pocesto-gi-ragjaat-3.jpg

Истражувањето било објавено во списанието за репродуктивна медицина. Научниците сметаат дека причината за ова лежи во хормонскиот фактор сличен на инсулин кој е поврзан со веројатноста за раѓање близнаци и со висината на телото.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...

Најчитани неделава