Величествената смисла за хумор на Тери Прачет во 14 цитати

Еден од најпознатите писатели на фантастика, Сер Теренс Прачет, почина на 12-ти март 2015 година. Талентираниот англиски писател навистина беше како ниеден друг писател, духовит и сатиричен.

Velicenstvenata-smisla-za-humor-na-teri-pracet-vo-15-citati

Авторот на „Discworld“ серијалот се борел со ретка форма на Алцхајмерова болест неколку години пред да умре.

Поради ова, Прачет веќе не можеше да пишува, но тој продолжи да работи. И покрај неговите неволји, книгите на Прачет се сé уште полни со неговата иронична љубов кон животот.

Ова се најдобрите:

1. Сé што е во овој свет го има својот нормален тек. Освен сé друго што ви се качува на глава.

2. Не на секој му одговара името. Името треба да биде удобно за да можете со него да ги четкате подовите.

3. Познато е дека важната состојка за успехот е да знаеш дека тоа што се обидуваш да го направиш не може да се направи.

4. Именувај ја мачката со име од кое нема да се срамиш кога ќе ја викаш сред ноќ.

5. Дали знаете дека во вселената толку полна со чуда, луѓето успеале да ја измислат здодевноста.

6. Ужасно е чувството кога ќе пронајдеш работи во својата глава, а не знаеш како се вклопиле таму.

7. Човек кој може да се купи обично е безвреден.

8. Сè изгледа интересно, додека не го направите тоа.

9. Луѓето се подготвени да чекаат долго време за спасение, но вечерата ја претпочитаат брза.

10. Имаме многу искуство од немање многу искуство.

11. Кукавиците се најдобри стратези.

12. Смртта, за разлика од даноците, доаѓа само еднаш.

13. Бракот се состои од две лица кои се подготвени да се заколнат дека само едниот од нив 'рчи.

14. Бидете внимателни што посакувате. Никогаш не знаете кој слуша.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg