Ништо не ве прави да изгледате стари, освен очајничките обиди да изгледате помлади

Иконата на париската мода која била позната како жена со бистар ум и остар јазик, има неколку совети за сите жени и девојки - совети кои покажуваат дека не постојат грди жени, туку само мрзливи.

Nishto-ne-ve-pravi-da-izgledate-stari-osven-ocajnickite-obidi-da-izgledate-pomladi-01.jpg

Коко Шанел е кралица која донела револуција во светот на модата, креаторка на малиот црн фустан и незаборавниот парфем Chanel No.5. Таа била како остар меч во бизнисот и имала независни погледи за сè во животот.

Неколку цитати од Коко Шанел:

1. Внимавајте на оригиналноста. Оригиналноста во модата на жените може да доведе до маскенбал.

2. Едноставноста е клуч за вистинска елеганција.

3. Грижата за изгледот почнува во срцето и душата. Производите за убавина, сами по себе, не можат да ви помогнат.

4. Невозможно е за една жена да биде нерасположена кога носи добра облека.

5. Тантелата е една од најубавите имитации на природата, но бисерите се совршени за секоја прилика.

6. Во своите 20-ти секоја жена има лице какво и дало природата, во 30-те има лице кое самата го направила, а во своите 40-ти какво што го заслужила.

7. Годините не се важни. Можете да изгледате прекрасно во 20-те и понатаму да бидете неверојатни во 40-те и да останете неверојатни до крајот на вашиот живот.

8. Парфемот е невидлив, но неопходен моден прибор. Го најавува вашето влегување во собата и ги потсетува другите на вас кога не сте во истата.

9. Ако некогаш сте биле воодушевени од убавината на една жена, но не можете да се сетите што носела, тогаш била облечена совршено.

10. Најдобар накит за една жена е убавиот маж.

11. Ништо не ве прави да изгледате стари, освен очајничките обиде да изгледате помлади.

12. Кога треба да ставам парфем? - ме праша една млада жена. Мојот одговор беше: Тогаш кога сакаш да бидеш сакана.

13. Жената која не користи козметика има високо мислење за себе.

14. Колку полошо се чувствува една жена, толку поубава треба да изгледа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Новогодишни пораки кои може да ги испратите на блиските за 2026-та година Доколку сакате готови пораки за честитање Нова година, имаме неколку предлози ко...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg