Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите цитати на Џон Грин: Трагите кои ги оставаат луѓето, честопати се лузни

Џон Грин е американски автор кој постигна огромен интернационален успех со книгите Во потрага по Алјаска, Светот не е фабрика за исполнување желби, Хартиени градови, Нека снежи...

najdobrite-citati-na-dzon-grin-tragite-koi-gi-ostavaat-lugeto-cestopati-se-luzni-01.jpg

Неговото име стана синоним за young adult fiction жанрот, односно белетристика која го задоволува вкусот на генерации млади читатели, токму поради фактот што авторот употреба искрен пристап во пишувањето, проткаен со допадливи карактери и неверојатни љубовни приказни.

Две од неговите книги се веќе екранизирани (The Fault in Our Stars и Paper towns), а останатите ја чекаат својата премиера на големото филмско платно.

Зборовите на Џон Грин допреа многумина, а ова се неговите најинспиративни цитати:

- Трагите кои ги оставаат луѓето, честопати се лузни.

- Тешко е да си заминеш – додека не заминеш. А тогаш, тоа е проклето најлеснатата работа на светот.

- Која е поентата да се биде жив, ако барем не се обидеш да направиш нешто извонредно?

- Оние страшни работи се издржливи, бидејќи ние сме неуништливи онолку колку што си веруваме себеси дека сме.

- Доколку не си замислиш, ништо никогаш не се случува.

- Како што тој читаше, јас се вљубив онака како што се успиваш: полека, а потоа одеднаш.

- Колку подмолно нешто е да се верува дека еден човек - е повеќе од човек.

- Во еден момент, само ја повлекуваш лепенката од раната и боли, но тогаш е готово и чувствуваш олеснување.

- Тагата не те менува Хејзел, таа те открива.

- Никогаш не треба да сме безнадежни, затоа што никогаш не можеме да бидеме непоправливо скршени.

- Тој сакаше да се извлече од моментот пред да се случи, бидејќи колку и да е добро чувството додека се бакнуваш, ништо не е подобро од моментот на исчекување.

- Тоа е работата со болката – таа бара да биде почувствувана.

- Можеш да сакаш некого толку многу... Но, никогаш не можеш да ги сакаш луѓето онолку колку што може да ти недостигаат.

- Тоа секогаш ми изгледаше толку смешно, дека луѓето сакаат да бидат во близина на некој што е убав. Тоа е како да одбираш житарки за појадок врз основа на бојата, наместо на вкусот.

- Моите мисли се ѕвезди, а јас не можам да ги соберам во соѕвездија.

- Не можам да ти кажам колку сум благодарен за нашата мала бесконечност.

- Почнувам да сфаќам дека на луѓето им недостасуваат добри огледала. Многу е тешко некој да ни покаже како изгледаме, и уште потешко некому да му покажеме како се чувствуваме.

- Можеби ОК ќе биде нашето ЗАСЕКОГАШ.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Посакува вистинска љубов, би снимил „филм за возрасни“ - Кој е „Принц од Врање“, евровизискиот претс... Едни го споредуваат со Аладин, други велат дека ги потсетува на Тарзан. Кој е пе...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Кога велам ‘семејство’, мислам и на моето куче“ и уште 13 цитати за најголемите вљубеници во животн... „Некои луѓе не разбираат зошто ги викаме ‘деца’, но тие што чувствуваат - знаат“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg