10 важни лекции за суштината на животот од Буда

Сакуамуни Буда (Сидарта Гаутама), познат како Буда, бил духовен водач и учител чиј живот служи како основа за будистичката религија.

10-vazni-lekcii-za-sushtinata-na-zivotot-od-buda-001.jpg

Иако живеел помеѓу VI и IV п.н.е., неговите мисли и цитати сè уште се апсолутно точни и ги инспирираат милионите луѓе низ светот да дејствуваат и живеат во согласност со овие верувања.

1. Во ред е да започнете со малку

„Едно бокалче се полни капка по капка“

Ралф Валдо Емерсон рекол: „Секој уметник некогаш бил аматер“.

Сите започнуваме со малку, и токму поради тоа не треба да ги мразите малите почетоци. Доколку сте упорни и доколку сте трпеливи верувајте дека ќе успеете. Никој не успева преку ноќ; успехот му припаѓа на оној кој сака да започне со малку и трпеливо да работи сè додека не е полн неговиот бокал.

2. Мислите стануваат работи

„Она што сме е резултат на она што мислиме. Доколку еден човек зборува или делува со злобна мисла, тогаш него ќе го следи болка. Доколку еден човек зборува и делува со чиста мисла, тогаш него ќе го следи среќа, како сенка која никогаш не го напушта“.

Буда рекол: „Умот е сè. Она што го мислиш, тоа и стануваш“.

Со цел да живеете правилно и праведно, морате да го пополните вашиот ум со правилни мисли. Вашето размислување ги одредува вашите дејства; вашите дејства го одредуваат вашиот резултат. Правилното размислување ќе ви даде сè што сакате; погрешното размислување на крајот ќе ве уништи.

Доколку го промените начинот на кој размислувате, ќе го промените и начинот на кој живеете.

3. Научете да простувате

„Држењето на гневот е исто како да грабнете жежок јаглен со намера да го фрлите кон некој друг - вие сте оној кој се повредува“.

Кога ќе ги ослободите оние кои ги држете затворени во затворот на непростувањето, вие сте оние кои што се ослободени. Научете да простувате, научете да простувате брзо.

4. Вашите дејства се оние кои се важни

„Без разлика на тоа колку свети зборови прочитате, колку свети зборови изговарате, какво добро би донеле тие доколку вашите дејства не се засновани врз нив?“

За да успеете во нешто мора да реагирате, да делувате. Големината е во вашите дела. Големината не е за секого, туку за оние кои се подготвени да дејствуваат постојано.

5.  Обидете се да разберете

„Во контроверзијата, ние чувствуваме гнев кој веќе престанал да се бори за вистината, и започнал да се залага за нас себеси“.

Со други зборови, обидете се прво да разберете, а потоа да бидете сфатени. Лесно е да се каже, но тешко да се направи; морате напорно да работите за да ги сфатите другите луѓе - кога ќе почувствувате дека гневот започнува да расте, потрудете се да го намалите со сослушување на другите луѓе, разбирање на нивната перспектива, меѓутоа со задржување на вашето мислење.

6. Контролирајте го умот

„Подобро е да се освоите себеси отколку да победите илјада борби. Кога ќе се освоите себеси победата е вашата - таа не може да биде земена од друг, ниту од ангели ниту од демони, ниту пак од пеколот или рајот“.

Оној којшто се освоил себеси е поголем и од најмоќниот. Да се освоите себеси морате прво да го освоите вашиот ум, морате да знаете да го контролирате сопственото мислење.

7. Живејте во мир и хармонија

„Мирот доаѓа однатре. Не го барајте на друго место“.

Не барајте надвор нешто што единствено може да биде пронајдено внатре. Многу пати луѓето бараат нешто без да се свесни дека веќе го имаат во себе. Мирот не е нова кола, нова работа или нова девојка... мирот е нова перспектива, а таа нова перспектива започнува со вас.

8. Бидете благодарни

„Треба да бидеме големи и да се заблагодаруваме - иако не сме научиле денес многу, барем сме научиле малку, а доколку не сме научиле ни малку, барем не сме се разболиле, а доколку сме се разболиле, барем не сме умреле; затоа треба да бидеме благодарни.“

9. Кажувајте ја вистината за она што го знаете

„Единствениот неуспех во животот е да не бидете искрени кон работите“.

Работете го она што го знаете. Немојте само да консумирате информации, туку размислете за информациите кои ги добивате.

10. Споделувајте среќа

„Илјадници свеќи може да се запалат од само една свеќа, а животот на таа свеќа воопшто нема да се скрати. Среќата никогаш не се намалува ако ја споделите со другите.“

Навистина среќата не само што не се намалува кога ја делите со другите, напротив таа се зголемува. Не кријте ја вашата среќа од другите, споделете ја светлината и направете го светот подобро место.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сакаат насмеани луѓе и уште 9 забавни факти за козите Козите се познати по нивната способност да напредуваат во различни средини. Искл...
Загина во авионска несреќа, нејзината смрт е мистерија: Факти за Амелија Ерхарт, првата жена која го... Амелија Ерхарт била американски авијатичар и борец за правата на жените. Светот ...
Имала деформиран роднина кој го затвориле во зандана: Трагедиите на семејството на мајката на кралиц... Постојат гласини дека роднина на кралицата-мајка се родил толку деформиран, што ...
Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер? Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема ...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg