Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 фрази кои ги користат личностите кои манипулираат со вас

Порано или подоцна во животот сите сме налетале на социопати – луѓе кои изгледаат невино, но едноставно сакаат да манипулираат со вас заради корист.

shest-frazi-koi-gi-koristat-narcisoidnite-licnosti-i-sociopatite-za-da-manipuliraat-so-vas-001.jpg

Понекогаш тоа се членови на семејството, пријатели или колеги... ваквите луѓе може да ги пронајдете во сите сегменти на животот.

Ова се шесте работи со кои социопатите се обидуваат да нè контролираат:

1. „Ти  __________“

Пополнете го празното место. „Имаш проблем со мене“, „ми љубомориш“, „си луд“, „имаш ментално нарушување“. Што и да е. Социопатите често ги гледаат луѓето одозгора и ги нарекуваат со секакви погрдни зборови, за да ја сведат на минимум нивната самодоверба и да направат тие да се чувствуваат несигурно. Со тоа што ќе им дозволите да направат да се чувствувате лошо, вие само го оправдувате нивното нездраво однесување.

2. „Не ме разбра што сакав да кажам“

Социопатите често предизвикуваат бумеранг ефект. Тоа е ситуација кога намерно ќе предизвикаат негативна реакција кај вас и потоа ве обвинуваат за таквата испровоцирана постапка, кажувајќи ви дека не сте ги разбрале убаво нивните зборови.

3. „Престани да бидеш толку чувствителен/а“

Кога социопатите се обидуваат да ве испровоцираат и налутат, ќе се бранат со тврдењето дека сте премногу чувствителни и дека треба да „зацврснете“. Тоа секако, е само начин да се дистанцираат од какво било чувство на вина и да ве држат под контрола.

4. „Престани да драматизираш“

Кога еден социопат ве обвинува дека премногу драматизирате, вие ќе се обидете да ги потиснете чувствата и да ги контролирате реакциите на нивните провокации. Тие само ќе ве растргнат на сите страни и ќе ве натераат да се запрашате што всушност чувствувате.

5. „Премногу навлегуваш во темата“

Социопатите често ќе направат да се чувствувате параноично и ќе ве провоцираат на секој можен начин. Ќе направат сè за да ве натераат да ги преиспитате нивните мотиви, водени од нивната желба да си поиграат со вашата интуиција и да ве измамат. Не дозволувајте да станете дел од нивните болни игри.

6. „Никогаш нема да преживееш без мене“

Штом ќе почнете да го разоткривате социопатот, нивната манипулација ќе почне да се појавува на површина. Она што тие сакаат да го добијат од вас не е здрава врска, независно дали станува збор за платонска или некаква поинаква. Она што тие го сакаат е контролата над вас, а тоа го постигнуваат така што ќе ве натераат да мислите дека сте луди. Не дозволувајте им да успеат во тоа. Секако дека можете да преживеете и без нив.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
„Почесто бирај да те боли увото, отколку главата“ и уште 14 мудри поуки „Не е важно колку си убава, туку кому си му убава“. „Додека ти го гледаш туѓиот ...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помола... Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК ...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg