15 факти кои звучат како да се лага, но всушност се вистина

Понекогаш се чини дека нам, возрасните, веќе ништо не може да нè изненади...

15-fakti-koi-zvucat-kako-da-se-laga-no-vsusnost-se-vistina-01.jpg

И тогаш, ќе прочитате некаде дека млекото на нилскиот коњ има розова боја и сомничаво ќе помислите „Дали овие навистина знаат што пишуваат?“.

Токму затоа, ви нудиме 15 интересни факти кои на прв поглед навистина изгледаат невозможни и неверојатни, но вистината е дека тие всушност се точни.

1. Франкенштајн не е име на чудовиште, тука име на научникот кој го создал.

2. Медузата Turritopsis Nutricula е единственото, досега познато, бесмртно суштество на земјата.

3. Срцето на синиот кит е толку големо, што човекот би можел лесно да плива низ неговите артерии. Но, затоа неговото грло не е поголемо од послужавник за чаши.

15-fakti-koi-zvucat-kako-da-se-laga-no-vsusnost-se-vistina-02

4. На секој човек на земјата може да има 1,6 милиони мравки. Вкупната тежина на сите овие мравки отприлика е иста со тежината на сите луѓе на Земјата.

5. Октоподот има 3 срца.

6. Морската раја има 27.000 хеморецептори (сетила за вкус). Тоа е 4 пати повеќе од вкупниот број на хеморецептори кај луѓето.

7. На Сатурн и Јупитер паѓа дожд од дијаманти.

8. Вака би изгледал Јупитер од Земјата, доколку се наоѓаше на исто растојание како Месечината.

15-fakti-koi-zvucat-kako-da-se-laga-no-vsusnost-se-vistina-03

9. Во нашиот организам има 10 пати повеќе бактерии од клетки.

10. Веројатноста дека во чашата вода која ја пиете се содржат молекули кои некогаш биле во телото на диносаурус е 100%.

11. Вака изгледа песокот од микроскоп.

15-fakti-koi-zvucat-kako-da-se-laga-no-vsusnost-se-vistina-04

12. Стаклената кугла е несоодветен дом за златна рипка.

13. Читањето на слаба светлина, или од екранот на монитор, не влијае врз влошувањето на видот.

14. Универзитетот во Оксфорд постои повеќе години од царството на Ацтеките.

15. Млекото на нилскиот коњ има розова боја.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg