8 инспиративни мисли од Мишел Обама

Со завршувањето на претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг, завршува и нејзината функција на прва дама, но сепак Мишел Обама ќе остане запаметена по многу нешта.

8-inspirativni-misli-od-Mishel-Obama-01

Мудрите и секогаш добро осмислени зборови, беспрекорниот стил и нејзината појава се нешто заради кое таа остави печат на годините кои изминаа.

Нејзината способност да ги каже вистинските зборови во вистинско време е карактеристика која ја поседуваат мал број на луѓе но и нешто од кое може многу да се научи.

Следните 8 цитати нека ви послужат како мотивација за да работите што понапорно и да го остварите она што сте го замислиле...

1. Успехот не се состои во тоа колку пари заработувате, туку во разликата која ја правите во животот на луѓето.

2. Вистинскиот човек се однесува со иста почит и кон хигиеничарот и кон директорот.

3. Кога некој ќе се обиде да ве спушти на дното, вие издигнете се уште повеќе.

4. Изберете луѓе кои ве креваат нагоре.

5. Очајна сум за промени – СЕГА – не по 8 или 12 години, туку сега.

6. Не можете да донесувате одлуки засновани на страв и размислувањата што би можело да се случи во иднина.

7. Едноставно правете ги работите кои сметате дека се исправни за вас, бидејќи секогаш ќе постои некој кој ќе размислува поинаку.

8. Секогаш останете доследни на вашите верувања и не дозволувајте некој друг да ве одвлече од остварувањето на вашите идеи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg