10 факти за женската злоба и завист

Пред да прочитате било што понатаму, треба да знаете дека на злоба и завист никој не е принуден. Тоа се негативни емоции до кои човекот одбира да се држи.

10-fakti-za-zenskata-zloba-i-zavist-1.jpg

Но, некако кај жените, како да се поизразени тие емоции, барем повеќе отколку кај мажите.

Барем така веруваат поголемиот број на луѓе.

Она што треба да се запамети за злобата е следново:

1. Да чувствувате злоба и завист е исто како да пиете отров, а да очекувате некој друг да се отруе.

2. Повод за завист е огледалото кое ги одразува недостатоците во животот.

3. Споредбата со туѓиот живот го открива сомнежот за сопствената вредност.

4. Туѓите емоции и чувства немаат ништо заедничко со тебе. Секој сам носи одговорност за своите чувства и емоции.

5. Се сеќаваш ли на она малечко куче кое те лаеше и ти изгледаше злобно? А на боцките од розата? Понекогаш цветот, како и жените на планетава, носи боцки со страв да не биде повреден.

6. Луѓето полни со завист се разболуваат почесто, бидејќи не се во мир и хармонија со себе.

7. Ако насекаде околу тебе гледаш злоба и негативност, замисли се да не ги носиш во себе. Човекот е способен да го види само тоа што самиот го поседува.

8. Злобните луѓе се секогаш во војна. Само што во неа, тие се заробеници. На мислите, интригите и зборовите.

9. Замислете си колку многу прават лошите луѓе „заради другите“, а колку малку заради себе.

10. Не се обидувај да ги промениш другите. Прифати ги. Најценетите ресурси се твоето време и енергија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg