5 работи со кои си губите драгоцено време

Времето е пари, а животок – краток. Не трошете го на нешта кои не ве облагородуваат.

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-1.jpg

Колку и да се обидувате да ги намалите обврските, времето ви минува со брзина на светлината, а вие никако не успевате да сработите се што посакувате?

Добрата организација е клучот за квалитетно исполнет ден, а уште поважно е да ги исфрлите од животот, или барем да ги сведете на минимум активностите кои се потполно беспотребни, а трошат многу време и енергија.

Ова се петте најчести активности кои се само губење на време:

1. Анализирање на минатото

Ниту можете да се вратите во минатото, ниту да го промените она што веќе е направено. Затоа, штом се затекнете како размислувате за работите кои веќе се случиле и темелно ги анализирате, веднаш прекинете! Префрлете се во сегашноста и направете нешто корисно.

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-2.jpg

2. Постојано „скролање“ на социјалните мрежи

Бесцелното „скролање“ на социјалните мрежи прерасна во зараза на сегашното време, а голта часови и часови кои сте можеле да ги потрошите на вистинска релаксација, вежбање, дружење со драгите луѓе или учење нови вештини. Ако немате нови пораки на кои мора да одговорите и веќе знаете кои се новостите на денот, исклучете се и вратете назад на социјалните мрежи дури тогаш кога ќе ги сработите сите работи кои имаат реална вредност во вашиот живот.  

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-3.jpg

3. Форсирање на врска која не води никаде

Без разлика на тоа дали се работи за пријателство или за љубовна врска, сфатете едно нешто – не можете никого да го присилите да ве сака, и тоа е сосема во ред.

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-4.jpg

4. Измислување проблеми кои сè уште не се случиле

Бидете реални, дури и да ви се случи нешто лошо во иднината, зарем треба на тоа да си го потрошите времето во сегашноста?

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-5.jpg

5. Бескрајно гледање ТВ

Секако дека може да ја погледнете омилената серија или некој интересен филм, но ако секој ден минувате по пет или повеќе часови пред телевизорот, тогаш со сигурност сте можеле многу попаметно да го потрошите тоа време.

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-6.jpg

За разлика од петте активности кои се бесполезни, ви нудиме двојно повеќе работи на кои е секогаш паметно да го потрошите времето: (1) учење нови вештини (странски јазици, боречки вештини, кулинарство, часови за возење, танц...), (2) дружење со пријателите, (3) споделување убави мигови со семејството, (4) помагање на другите, (5) вежбање, (6) водење љубов, (7) изработка на проекти поради кои ќе напредувате на работа (8) вежбање, (9) медитација и одмарање во полна смисла на зборот и (10) дружба со миленичињата.

Имате ли нешто да додадете на листата?

5-raboti-so-koi-si-gubite-dragoceno-vreme-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg