Токсични духовни навики кои треба да ги заборавите од денес

Кога размислувате за детоксикација, не размислувајте само за физичкото значење на зборот. Не го чистете телото само од насобраните токсини и нездравата храна, туку и од токсичните мисли и навики.

toksicni-duhovni-naviki-koi-treba-da-gi-zaboravite-od-denes-02.jpg

Некогаш, тие се многу побројни и поштетни.

Почнете со ред, бидејќи кога ќе се ослободите од овие 35 духовни навики, ќе забележите како среќата полека ви се доближува:

1. Престанете да ги игнорирате проблемите и да се преправате дека не постојат. Соочете се. Колку подолго ги игнорирате, толку поцврсти и поголеми стануваат.

2. Престанете да ја ставате личната среќа во туѓи раце.

3. Престанете со преправањето дека некои грешки никогаш не се случиле. Признајте ги. Научете нешто. Надминете ги.

4. Престанете да си кажувате дека не можете да направите нешто, пред воопшто да пробате.

5. Престанете да ги запоставувате важните луѓе и активности.

6. Престанете да ги ставате туѓите потреби и желби пред личните. Грижете се за себе. Сакајте се себеси.

7. Престанете со обидите да станете некој кој не сте. Наместо тоа, креирајте најдобра верзија од она што сте.

8. Престанете да чекате нешто и некој да ви ја одреди среќата. Најдете ја среќата во моменталната ситуација.

9. Престанете да трошите време на луѓе кои само ве влечат надолу.

10. Престанете да се прашувате дали сте доволно добри и вредни, судејќи по надворешниот изглед.

11. Престанете да работите за некој туѓ сон. Создадете сопствени цели.

12. Престанете да љубоморите. Или постигнете повеќе од оние на кои сте им љубоморни или ценете го она што досега го имате.

13. Престанете да верувате дека не можете да се промените. Можете.

14. Престанете да ги минимизирате комплиментите кои ги добивате, а да ги зголемувате критиките. Свртете ги работите наопаку.

15. Престанете да се фокусирате на она што не го сакате. Фокусирајте се на тоа што го сакате.

16. Престанете да се плашите од грешки, само затоа што преземале акција.

17. Престанете да се споредувате со другите луѓе.

18. Престанете да трошите енергија за анализирање на работите кои не можете да ги промените.

19. Престанете да му давате поголемо значење на туѓото мислење, отколку на своето.

toksicni-duhovni-naviki-koi-treba-da-gi-zaboravite-od-denes-01.jpg

20. Престанете со изговорот дека немате време за она што го сакате.

21. Престанете да ги чувате работите за посебни пригоди.

22. Престанете да се омаловажувате самите себе заради несовршеностите и грешките.

23. Престанете да го бирате полесниот пат.

24. Престанете да ги обвинувате другите за вашите несреќни моменти и неуспеси.

25. Престанете да дозволувате единствениот неуспех да ве спречи во остварувањето на соништата.

26. Престанете да се надевате дека околностите ќе се променат. Извлечете го најдоброто од околностите.

27. Престанете да си го скратувате времето со саканите за да поминете повеќе време со луѓе кои само ги толерирате.

28. Престанете да трошите енергија на жалење и каење.

29. Престанете да се извинувате непотребно.

30.  Престнаете да си наметнувате перфекција.

31. Престанете да се чувствувате виновни за секојпат кога ќе кажете лага бидејќи сакате да имате повеќе време сами за себе.

32. Престанете да си давате задолженија само за да бидете зафатени со нешто.

33. Престанете да брзате низ животот.

34. Престанете да кажувате да кога реално сакате да кажете не.

35. Престанете да го правите животот покомплициран, отколку што е.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg