12 факти кои не сте ги знаеле за мачињата

Сите љубители на мачиња знаат колку е лесно да се вљубите во ова животно, откако ќе се поврзете со него. Тие ни прават да се чувствуваме прекрасно и посебно со тоа што изразуваат желба да бидат цело време во наше присуство и не следат насекаде.

12-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-macinjata-1

Сите велат дека кучето е најдобар пријател на човекот, но и мачињата можат да бидат прекрасни пријатели ако им дозволиме да влезат во нашето срце.

Еве неколку факти кои не сте ги знаеле за мачињата:

1. Мачињата претчувствуваат земјотреси

Површината на нозете на мачињата е многу чувствителна и мачињата се однесуваат многу чудно моментот пред да започне земјотресот. Иако оваа теорија не е потврдена, сопствениците тврдат дека мачињата ги чувствуваат предвреме вибрациите на земјата.

2. Тие можат да ја голтнат и да ја сварат храната без да ја џвакаат

Мачињата немаат потреба за џвакање што е добра вест за познатата интернет мачка Лил Баб која е родена без заби.

3. Тие со доста манипулативни

Мачињата можат да ја прилагодат својата вокализација за да го контролињаат вашето однесување. Ако сакаат храна, можат да направат нивното мјаукање да звучи доста итно.

4. Мачињата сонуваат

Тие повеќе префираат да дремнат околу да паднат во длабок сон, меѓутоа кога навистина спијат длабоко нивниот мозок ги произведува истите мозочни бранови како и нашиот кога ние спиеме.

5. Не разбираат добро кога се казнети

Мачињата не разбираат на ист начин како кучињата што е казна. Тие никогаш нема да се чувствуваат виновно. Ако сакате да ги дресирате подобро е да ги наградувате кога ќе направат нешто добро.

6. Ние се ракуваме, тие се удараат по нос

Мачињата кои се знаат едни со други се поздравуваат со тоа што ги доближуваат носевите. Тоа им помага да си покажат дека се препознаваат, си веруваат и на тој начин понекогаш испитуваат како е другото маче.

7. Научниците сè уште не знаат од каде излегува предењето

Некои веруваат дека доаѓа од кардиоваскуларниот систем, а не од грлото.

8. Кога предат тогаш се среќни

Вообичаено кога предат тие се среќни. Меѓутоа треба добро да го познавате вашето маче, затоа што понекогаш кога нешто ги боли, тие предат доста длабоко.

9. Тие можат сериозно да се разболат или да умрат од јадење чоколадо

Проверете со вашиот ветеринар ако имате прашања за тоа што смее или не смее да јаде вашето маче. Има некои врсти на храна, што може сериозно да ги разболи. Како кучињата така и тие не можат да поднесат чоколадо.

10. Тие одлично се справуваат со жештина

Мачињата толерираат многу жешко време. Тоа е така поради фактот дека нивните предци живееле долго време во пустината.

11. Тие трепкаат кога неочекувано ќе ги погледнете во очи

За да се спријателите со маче кое не ве знае, погледнете го, трепнете и потоа свртете се на друга страна.

12. Мачињата се потат

Ако видите дамки од пот, посебно летно време, дајте им ладна вода за да се освежат.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Проклетството на Џон Рокфелер: Еден негов внук го изеле човекојадци, а друга внука си ги убила ќерки... Нивното презиме е синоним за богатство и се смета дека основачот на империјата б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg