Мислеле дека е глув, го тепале на училиште: Чудни факти за милијардерот Илон Маск

Во еден миг од животот живеел од позајмици од своите пријатели, а денес има богатство од 21 милијарда долари.

mislele-deka-e-gluv-go-tepale-na-uchilishte-chudni-fakti-za-milijarderot-ilon-mask-01.jpg

Илон Маск е познат како еден од најголемите мислители и креатори на светот.

Денес тој управува некои од најуспешните компании на светот, односно произведува електрични автомобили, работи на унапредување на искористувањето на соларната енергија, прави приватни истражувања на вселената, лансира ракети, се стреми кон колонизација на Марс итн.

Неговата неверојатна интелигенција и капацитет за учење нови работи се воодушевувачки и тој е инспирација за целиот свет.

mislele-deka-e-gluv-go-tepale-na-uchilishte-chudni-fakti-za-milijarderot-ilon-mask-03.jpg

Некои интересни факти за него:

Неговите родители мислеле дека е глув

Кога бил дете Илон често зјапал во далечина кога родителите му зборувале, што направило да поверуваат дека има проблеми со слухот. Но, на крај испаднало дека тој само сонува со отворени очи.

„Тој се задлабочува во некои свои мисли и патува во некој друг свет. И сега го прави тоа, само сега знам и го оставам сам, знам дека во умот дизајнира нешто ново и револуционерно“, изјави неговата мајка во една пригода.

Бил задеван на училиште

Растел во Јужна Африка, каде некои од соучениците често го задевале и тепале.

Тој дури имал и операција за средување на последиците од некогашните претрпени удари.

mislele-deka-e-gluv-go-tepale-na-uchilishte-chudni-fakti-za-milijarderot-ilon-mask-04.jpeg

Смислил и продал видео игра во 1984 година

На 12-годишна возраст ја смислил играта „Blastar“ и ја продал за 500 долари. Кодот бил објавен во еден компјутерски магазин во Јужна Африка.

Во 2015 година инженер од Google го доработил кодот и ја ставил во функција.

Си ја плаќал киријата за време на колеџот преку организирање забави

Додека студирал на Универзитетот во Пенсилванија приредувал домашни забави на кои наплаќал по 5 долари влезница и со тоа си ја плаќал киријата.

Со цимерот ставале црни вреќи на прозорците и ги бојадисувале ѕидовите во светли бои во куќата во која живееле. Илон останувал трезен на забавите за да води сметка за сè.

mislele-deka-e-gluv-go-tepale-na-uchilishte-chudni-fakti-za-milijarderot-ilon-mask-05.jpeg

Има пет деца

Маск има 5 деца со неговата поранешна сопруга Џастин Вилсон. Близнаци родени во 2004 година и тројка родена во 2006 година.

Парот добил и син во 2002 година, но тој ненадејно починал кога имал само 10 седмици.

Живеел од позајмици од пријатели

Кога фатила големата криза и минал низ скап развод со неговата прва сопруга, Маск живеел од позајмиците од неговите богати пријатели. Ризикувал и неговите последни 35 милиони долари ги инвестирал во Тесла.

Денес Маск има богатство од 21 милијарда долари, според магазинот Форбс.

mislele-deka-e-gluv-go-tepale-na-uchilishte-chudni-fakti-za-milijarderot-ilon-mask-02.png

Поседува еден од автомобилите на Џејмс Бонд

Во 2013 година Маск потрошил 866.000 долари на аукција за да го купи Lotus Esprit автомобилот од Џејмс Бонд филмот „The Spy Who Loved Me“ (1977). 

Уште како мал тој се воодушевувал на неговата преобразба во подморница во филмот, но се разочарал кога дознал дека автомобилот всушност не може да се трансформира.

Троши многу пари на недвижнини

Маск има пет домови во луксузното соседство Bel Air со вредност од 72 милиони долари.

Се има појавено во една епизода од серијата „The Big Bang Theory“

Во ноември 2015 Маск се појавил во епизодата „The Platonic Permutation“, каде во една сцена мие садови.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg