Никој не размислува за зимата кога тревата е зелена - најдобрите цитати на Радјард Киплинг

Добитник на Нобеловата награда за литература во 1907 година. Извонреден познавач на таинствената Индија. Автор на „Книга за џунглата“, англискиот писател Радјард Киплинг оставил 7 скромни, но исклучително вредни книжевни дела.

Najdobrite-citati-na-Radjard-Kipling-01.jpg

Тој се смета за еден од најголемите иноватори кога се работи за уметноста на пишување кратки раскази и приказни.

Неговата работа е опишана како сестрана, а Киплинг поседувал сјајна наративна дарба. Ги искажувал мислите јасно, но со длабока мудрост.

Прочитајте ги неговите најинтересни цитати и најпознатата песна „Ако“:

 1. Зборовите се, секако, најмоќниот лек кој го користел човештвото.

 2. Секој е помалку или повеќе луд по однос на некое прашање.

 3. Што вреди да се галопира доколку се движиме во погрешниот правец.

 4. Се држам само за 6 чесни луѓе кои во животот ме научиле сè што знам. Нивните имиња се: Што, Зошто, Кога, Како, Каде и Кој?

 5. Имаме 60 милиони причини за неуспех, но ниту еден изговор.

 6. Гревот може да го направиме двајцата, но ќе го плаќаме еден по еден.

 7. Никој не размислува за зимата кога тревата е зелена.

 8. Оној којшто патува сам, патува најбрзо.

 9. Од сите лажговци на светот, понекогаш најлошите се нашите сопствени стравови.

10. Сите сме острови кои си извикуваат лаги едни на други преку морето на недоразбирање.

Она што секако е најимпозантнo во кариерата на Киплинг, односно најсјајниот бисер во книжевната круна е неговата поема „Ако“.

АКО

  • Ако ладна глава чуваш кога другите сите
  • Губат своја и те винат тебе луто;
  • Ако веруваш во себе штом те сомничи секој,
  • Но да имаш пак слух и за сомнежот туѓ;
  • Ако можеш да чекаш без премор и прекор,
  • Ако лажат за тебе, да не лажеш ти,
  • Ил‘, ако те мразат, ти да не мразиш
  • А да не изгледаш предобро, ни премудро да звучиш;
  • Ако можеш да сонуваш – но сон да не ти е власт;
  • Ако можеш да мислиш – но мисла да не ти е цел;
  • Ако можеш да се соочиш и со триумф и со пропаст
  • И со обајцата измамници да се понесеш ист;
  • Ако можеш да стрпиш да чуеш вистина што си рекол
  • Искривена од подлец да смами глупав в замка,
  • Или да го гледаш падот на сè што живот ти било,
  • Да се наведнеш и градиш пак со изабена рамка;
  • Ако можеш сè што си стекнал да ставиш на куп
  • И на ризик на едно фрлање на зар,
  • Да загубиш сè, но потем нов да почнеш пак,
  • А да не речеш ниту збор за загубата на друг;
  • Ако можеш да стегнеш срце, нерв и жила
  • Да ти служат долго откако сотрени се,
  • И така да издржиш кога ништо веќе немаш
  • Освен Волја која вели: „Крени се“;
  • Ако можеш да скротиш толпа, а да сочуваш доблест,
  • Ил‘ да одиш со крал – без да губиш дух прост;
  • Ако ниту душман ниту мил другар те болат;
  • Ако секој смета на тебе, но никој до крај;
  • Ако можеш да исполниш безмилосна минута
  • Со шеесет мига вредни долг пат минат –
  • Твоја е Земјата и сè што таа има,
  • И – побитно – ќе бидеш Човек, сине!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg