Љубовни афери и скандали: 12 причини зошто Тајгер Вудс не е најдобриот татко за своите деца
Неговите деца Сем и Чарли, кои живеат на Флорида со нивната мајка Елин, одат на голф турнири и порано го сметаа својот татко за жива легенда, но кои „гревови“ нема да му ги простат во тинејџерските години?

Тајгер Вудс беше најдобриот голфер во историјата на овој спорт, но околу името на проблематичниот спортист се врзуваат низа негативни наслови околу неговиот личен и професионален живот.
Тој имаше низа скандали со поранешната сопруга Елин Нордгрен, откако десетина жени проговорија за аферите што ги имал со нив. Парот, кој има две деца, се разведе во 2010 година.
Иако, Тајгер цело време се обидуваше за себе да прикаже слика на семеен човек со сакана сопруга и две прекрасни деца, излезе дека тој имал една сосема поинаква мрачна страна од себе и дека неговиот приватен живот вил вистински хаос.
Зошто на Тајгер Вудс ќе му биде тешко да им биде вистински идол на неговите деца:
Тие го гледаа како од херој на врвот од светот стана скандалозен маж со тон љубовни афери зад себе. И сето тоа пред очите на јавноста.

Децата наскоро ќе му станат тинејџери и сигурно не го слават тоа што Тајгер ѝ го направи на нивната мајка.

Може да пребараат на интернет и како најлош кошмар пред нив да излезат сите негови афери. Особено скандалозна е 2009 година кога Елин ги отвори картите.

Тој дефинитивно не им е идол во поглед на семејната посветеност, како што се поголемиот број татковци на своите деца.

Нема да заборават кога Тајгер пред светот призна: „Ја повредив мојата сопруга, моите деца, мојата мајка, семејството на мојата сопруга, моите пријатели и децата кои ми се воодушевуваа низ целиот свет.“


Проблемите со довербата никогаш нема да исчезнат.

