Најдобрите инспиративни цитати од успешните кошаркари

Кошарката е еден од најпопуларните спортови во светот. За да успеете во најсилната лига во овој спорт, ви треба повеќе од талент и среќа.

Najdobrite-inspirativni-citati-od-uspesnite-kosarkari1.jpg

За да бидете еден од најдобрите неколку, потребно е уште повеќе.

Овие луѓе - кои успеале во овој спорт, се прилично успешни и во секојдневниот живот, па еве неколку мудрости кои не важат само за кошарката или спортот:

„Сѐ што е негативно – притисокот, предизвиците – е можност за јас да се воздигнам.“ – Коби Брајант

„Некои луѓе сакаат тоа да се случи, некои би сакале кога би се случило тоа, а некои го прават тоа.“ – Мајкл Џордан

„Ако не веруваш во себе, никој друг нема.“ – Коби Брајант

„Треба најпрво да очекуваш некои работи од себе, пред да ги направиш.“ – Мајкл Џордан

„Ако ме видите како се борам со мечка, молете се за мечката.“ – Коби Брајант

„Можам да прифатам неуспех, на секого може да му се случи. Но не можам да прифатам да не се обидете.“ – Мајкл Џордан

„Добро, подобро, најдобро. Никогаш не престанувајте. Додека доброто не ви стане подобро, а подоброто најдобро.“ Тим Данкан

„Лесно е да бидеш тренер. Тешко е да победуваш.“ – Елџин Бејлор

„Добрите играчи се спремни да се откажат од личните успеси, за успесите на групата. Тоа ги засилува сите.“ – Карим Абдул Џабар

„Сметам дека некој треба да му објасни на детето дека е во ред да се прават грешки. На тој начин учиме. Кога се натпреваруваме, правиме грешки.“ – Карим Абдул Џабар

„Пречките не треба да те запрат. Ако се затрчаш кон ѕид, не треба да се вратиш назад и да се откажеш. Најди начин како да се прекачиш, или да го заобиколиш или поминеш.“ –Мајкл Џордан

„Талентот победува натпревари, но тимската игра и интелигенцијата добиваат шампионати.“ – Мајкл Џордан

„Не можеш да постигнеш многу во животот ако работиш само во деновите кога ти се работи.“ – Џери Вест

„Ако се плашиш од неуспех, тогаш не заслужуваш да бидеш успешен.“ – Чарлс Баркли

„Љубовта никогаш не потфрлува. Карактерот никогаш не се откажува. Со трпение и упорност, соништата се остваруваат.“ Пит Маравич

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg