„Да бидете мирни и да не правите ништо, се две сосема различни работи“ - најдобрите цитати на Џеки Чен

Џеки Чен е мајстор на боречките вештини, актер, режисер, продуцент, каскадер и пејач, којшто е сакан ширум светот од многу генерации обожаватели.

Najdobrite-citati-na-Dzeki-Chen-01.png

Роден е во Хонгконг на 7 април, 1954 година. Неговите родители биле бегалци од Кинеската граѓанска војна. Џеки Чен започнал да учи боречки вештини, драмски уметности, акробации и пеење уште на 7-годишна возраст.

Многумина го сметаат за наследник на Брус Ли, а по смртта на Ли, Џеки Чен дефинитивно (о)стана единствен којшто може да го замени во филмската индустрија на Хонгконг. Сепак, наместо да го копира претходникот, тој разви свој уникатен стил во којшто ги помеша боречките вештини со комедија.

Во 2018 година, магазинот Форбс процени дека Џеки Чен вреди 350 милиони долари. Тој е всушност „Мики Маус“ тип на икона за кинеската култура и е славна личност којашто е присутна насекаде.

Прочитајте неколку од неговите најинспиративни цитати:

„Не дозволувајте да ве контролираат околностите. Вие променете ги вашите околности.“

Najdobrite-citati-na-Dzeki-Chen (1).jpg

„Филмот ја одразува културата и нема ништо лошо во тоа да се адаптира технологијата, но не по цена на тоа да ја изгубите оригиналноста.“

Najdobrite-citati-na-Dzeki-Chen (5).jpg

„Да бидете мирни и да не правите ништо, се две сосема различни работи.“

Najdobrite-citati-na-Dzeki-Chen (3).jpg

„Кога детето знае дека неговите родители ќе попуштат, тоа постојано ќе се обидува со истиот трик.“

Najdobrite-citati-na-Dzeki-Chen (2).jpg

„Фамилијата не е онаа чија крв ја имаш, туку оној којшто го сакаш и кој те сака тебе.“

Najdobrite-citati-na-Dzeki-Chen (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg