Цитати од познати личности кои ќе ви го подобрат и најлошиот ден

Во текот на работната недела секој од нас се обидува да задржи што поголем дел од здравиот разум и да не се предаде на вртлогот од обврски.

citati-od-poznati-lichnosti-koi-kje-vi-go-podobrat-i-najloshiot-den-01.jpg

Што може најмногу да помогне во тоа? Се разбира, смеата и доброто расположение.

Ако чувствувате дека ситуацијата е алармантна и дека секој ден се враќате се помалку и помалку расположени, а потоа немате сила за ништо, време е самите да си помогнете.

Смеата е докажан начин за ослободување од стресот бидејќи ги стимулира ендорфинот и допаминот и го подобрува протокот на крв до срцето и мозокот.

Некогаш, тоа најдобро може да го направат познатите личности и нивните познати цитати, како што се следниве:

„Отсекогаш сакав да бидам некој и нешто, но сега сфаќам дека требаше да бидам поконкретна во барањата“, Лили Томлин

„Кога животот ти дава лимони, исцеди ги во нечии очи“, Кејти Гизвајт

„Кога бев дете, моите родители се селеа, но јас секогаш ги наоѓав“, Родни Денгерфилд

„Ако мислиш дека на никого не му е грижа за тебе, пробај да прескокнеш неколку рати“, Стивен Рајт

„Некои луѓе носат среќа каде и да се појават, а други ја носат таму од кај што си одат“, Оскар Вајлд

citati-od-poznati-lichnosti-koi-kje-vi-go-podobrat-i-najloshiot-den-02.jpg

„Според луѓето, страв број еден е јавното обраќање, а страв број два смртта. Тоа значи дека на погреб некој би избрал да е во ковчегот, наместо да го држи говорот“, Џери Сајнфилд.

„Банката е место каде можеш да позајмиш пари откако ќе докажеш дека не ти требаат“, Боб Хоуп

„Кога ништо друго не ти преостанува, сети се на најважното правило на убавината, кое гласи: На кого му е гајле?“, Тина Феј

„Кажи му на човек дека има 3 милијарди ѕвезди на небото и ќе ти поверува. Кажи му на истиот човек дека клупата е свежо офарбана, ќе провери за сам да се увери“, анонимна

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg