Среќата е 50% генетика - 15 факти за чувството по кое сите копнееме

Среќата не е нешто што се опишува со формална дефиниција; секој од нас има различна претстава за тоа што е среќа и што не прави среќни.

Srekjata e 15 genetika 15 fakti za cuvstvoto po koe site kopneeme 01 copy

Еве 15 интересни факти токму за неа - за среќата:

1. Среќните луѓе не се плашат од пораз. Неуспехот е само начин да се констатира грешката, а промената потоа носи до среќа и успех.

2. Луѓето кои поминуваат повеќе време на Фејсбук и други социјални мрежи имаат пониска самодоверба, полоши односи со луѓето околу себе и помалку позитивни емоции. 

3. Одредени видови на храна може да предизвикаат моментално чувство на среќа. Млекото, пилешкото месо и оревите содржат триптофан, со што се зголемува производството на серотонин, кој пак е поврзан со чувствата на смиреност и среќа.

4. Среќата е заразна. Лицето кое има близок "среќен" пријател се чувствува посреќно за цели 15%.

5. Истражувањата покажуваат дека само 20 минути аеробни вежби се доволни за борба против депресијата и ја зголемуваат среќата долго по тренингот. За време на вежбањето се зголемуваат "среќните" хормони, како серотонин, допамин и норадреналин.

6. Среќата е околу 50% генетика, 10% околност, и околу 40% избор. Со други зборови, голем дел од среќата е под наша контрола.

7. Среќата е голем бизнис. Книгите за самопомош генерираат повеќе од една милијарда долари годишна продажба. Дополнително, глобалниот пазар за антидепресиви е над 17 милијарди долари.

8. Луѓето се посреќни кога трошат пари на искуства како што се концерти, патувања, отколку кога купуваат материјални нешта.

9. Истражувањата покажуваат дека добитниците на бронзен медал се посреќни од добитниците на златен медал. Причината е едноставна - првите се среќни што воопшто добиле медал.

10. Децата, особено девојчињата во своите адолесцентни години, се посреќни и поуспешни доколку вечераат заедно со своето семејство.

11. Докажано е дека родителите кои прекумерно ги фалат достигнувањата на своите деца, всушност ги прават депресивни и анксиозни.

12. Освојувањето на лотарија нема да ве направи посреќни. Во случај да добиете лотарија, по одредено време среќата ќе се врати на првичното ниво, дури и пониско.

13. Идеалната температура за среќа е 13.9 степени Целзиусови.

14. Среќата кај девојчињата драматично опаѓа на 11 годишна возраст. Истата се нормализира после 16тата.

15. Отвореното изразување благодарност го намалува стресот и предизвикува оптимистички поглед кон светот.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg